Автор: Јаковлева Лионела

vmro dpmne

Непотизмот во редовите на СДСМ и во раководењето со Локалната самоуправа

Post Views: 9   Од Општинскиот комитет на ВМРО Охрид на денешната пресс конференција уште еднаш потсетија на непотизмот во редовите на СДСМ  и во раководењето со Локалната самоуправа. Тие посочија и неколку примери започнувајќи со братот на Градоначалникот. Никола Митровиќ, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече:  Градоначалникот на Охрид Александар Петрески прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески а потоа сакаше да го постави и за Претседател на комисијата за јавни набавки која што требаше да спроведе постапка за улично осветлување во градот Охрид. Оваа постапка за назначување...

Continue reading

бродови

Бродовите подготвени за туристичката сезона

Post Views: 5 Охридската бела флота подготвена за крстарење по езерото. Трите бродови Кристина, Александрија и Галеб ги имаат сите потребни документи за пловење по езерските води. СЕ очекува деновиве лиценца да добие и новиот брод Александрија 2 кој има капацитет за 150 патници. Драган Наумовски, заповедмик на бродот Александрија вели дека најбарана релација е Охрид Св наум . Од почетокот на овој месец има редовна линија за овој наш познат локалитет. Билетот по се изгледа ќе чини исто како и ланското лето, а тоа е 10 евра по патник. Поаѓањето е во 10 часот а враќањето во 17 или 18...

Continue reading

sovetnici

Локалната им должи на советниците

Post Views: 2 Локалната на советниците им должи 74 000 ден. Тоа се пари за неисплатени паушали за минатите шест месеци. Висина на паушалот е 70 проценти од просечната месечна нето плата во државава и зависи од големината на општината. Еден паушал на охридските избраници изнесува 14 000ден.  Советниците за својата работа последен пат пари зеле во декември минатата година.  Душко Јаковчески, претседателот на советот вели дека Градоначалникот им ветил дека во текот на летово парите ќе бидат исплатени. Советниците, а особено оние од ВМРО ДПМНЕ бараат што поскоро да им се подмири надоместокот....

Continue reading

proakva

Охриѓани летово нема да останат жедни

Post Views: 0 Летово вода за пиење ќе има. Од „Проаква“ велат дека во Охрид нема да има никакви рестрикции и дека водоснабдителниот систем располага со доволна количина  вода која е исправна за пиење. Нашиов град со вода се снабдува од 6 локалитети од каде се собираат од 370 до 400 литри во секунда што е дури повеќе од потребното. Златко Старкоски, директорот на МЈП „Проаква“ вели дека поради тоа граѓаните многупати недомакински се однесуваат со водата и трошат многу повеќе од потребното. Има и такви кои  нелегално се приклучуваат на водоснабдителниот систем.  Старкоски објаснува...

Continue reading

plostad

Без договор нема поставување урбана опрема, тврдат од Локалната

Post Views: 6 Локалната склучи 26 договори за поставување урбана опрема. Според програмата за поставување урбана опрема за ова лето што ја донесе Советот на Општина Охрид предвидено е да се постават 17 фрижидери за сладолед. Досега се издадени дозволи само са 7, а остануваат уште десет. За продажба на книги предвидени се 8 дозволи, а досега се издадени 6. Остануваат уште две. За локација за продажба на уметнички слики издадени се десет дозволи, односно сите што беа предвидени. За продажба на сувенири предвидени беа 14 дозволи, издадени се 13, а останува уште една. Ова се резултатите...

Continue reading

petreski

На охриѓани ќе им се развидели

Post Views: 7   Нема ноќ за Охрид. Ќе се менува градското осветлување. Наместо старите светилки ќе се поставуваат нови, диодни. Ова е тренд во светот, а најголема предност од ваквиот новитет е заштедата на електрична енергија и тоа дури за 60 проценти. Општината тоа ќе го прави преку Јавно приватно партнерство со што Охрид ќе добие квалитетно осветлување, а општината нема да вложи ниту денар во тоа. Фирмата која ќе се избере ќе има обврска да го промени целото јавно осветлување, односно арматурите на сијалиците, а не и канделабрите. Фирмата исто така ќе е должна се додека трае партнерството...

Continue reading

petreski ace

Градоначалникот ќе го тужи Министерството за транспорт и врски

Post Views: 4 Градоначалникот Александар Петрески ќе поднесе тужба до Управниот суд, а ќе се жали и до Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС против Министерството за Транспорт и врски. Причина за тоа е одземањето на ингеренциите на Локалната од страна на Транспорт и врски за постапување по случајот на дивоградбата на ИВ- ИРЕ  во Трпејца. Петрески вели: Јас не сум против тоа министерството да излезе и да руши, туку јас сум против одземањето на ингеренциите на Општина Охрид бидејќи немаме направено никаков прекршок за да се направи тоа. Градоначалникот тврди дека Министерството...

Continue reading

zname

Канцелариите на охридските парламентарции за комуникација со граѓаните, функционираат

Post Views: 1 „Пред две години комшијата ми ја сруши оградата тврдејќи дека се наоѓа на негово место. Откога се направи вештачење се утврди дека сум оштетен и дека треба да ми плати 10 до 12 000ден. Но во 2011год. пресудата беше изменета во корист на комшијата и сега јас сум тој што треба да плаќа. Правдата ќе ја барам преку канцеларијата на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните“,  вели Ташко Згалоски граѓанин на Охрид. Канцелариите на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните функционираат веќе 6год. Тие се отворени за да обезбедат врска и директна комуникација...

Continue reading

ohridsko

Не чека ли уште едно незаборавно културно доживување

Post Views: 0   Обелоденета програмата на 52то издание на Фестивалот „Охридско лето„. „Сите подготовки за неговото започнување се при крај и многу сме задоволни што за кратко време успеавме да го реализираме она што го ветивме“, истакна директорката на оваа реномирана културна манифестација, Елизабета Јанкулоска. Таа додаде дека тоа не ќе било можно доколку не им помогнело Министерството за култура и нивните пријатели-спонзорите. Директорката изрази благодарност и до Локалната самоуправа која помогнала во изработката на сцените и во реализацијата на трехничките работи. Претседателот...

Continue reading

pampur

Бели едра го закитија езерото

Post Views: 2   Едриличарските клубови „Стрмец“ и „Бофор“ од Охрид домаќини на регатата организирана од  едриличарскиот клуб ПАМПУР од Скопје. Овој клуб веќе пет години организира регати на Јадранот. Досега се одржани девет, но ова е прва регата на Охридското езеро. Коце Петров, член на ПАМПУР вели дека идејата за регата во Охрид е од поодамна бидејќи тука има повеќе едриличарски клубови и има многу деца кои ги прават првите чекори во едрењето. Петрив објаснува дека езерото нуди добри услови за едрење, има поволен ветар, само недостасува марина и бродови за изнајмување. На денешнава...

Continue reading

glina

Глината обликувана како уметничко дело

Post Views: 2 200 експонати од керамика од 55 автори од Хрватска и уште неколку европски земји се поставени пред очите на охридската јавност. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ се отвори триеналето на керамика на хрватски автори. Tоме Tрајкоски, посетител на изложбата вели дека е воодушевен од тоа што го гледа и им препорача на граѓаните да дојдат да ја видат поставката. Ова е една од побогатите изложби која годинава се организира во центарот, а која се должи на контактите на организаторот Славко Упевче со Центарот Ладица од Хрватска и Г-динот Ханибал Салваро член на Меѓународната...

Continue reading

mobing

Мобери внимавајте

Post Views: 6 Пет до седум илјади евра казна за моберите. Ова го предвидува предлог-законот за заштита од мобинг кој го подготви Сојузот на синдикати на Македонија.Овој предлог закон во наредниот период ќе биде предаден на економско-социјалниот совет и до Владата на Македонија за да биде ставен во процедура. Потребата од едена ваков закон се јави затоа што се поголем е бројот на работниците врз кои се врши мобинг. Според податоците добиени од последната анкета спроведена од Сојузот на синдикати на Македонија 40 отсто од испитаните работници во Македонија, се незадоволни од она што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top