Post Views: 7
Американската кабловска мрежа CNN објавила на својата интернет страница лажна вест за огромен астероид кој се заканувал да ја уништи Земјата.
На страницата iReport, каде се објавуваат вести и статии кои ги праќаат читателите, осамнала вест дека на 35 март 2041 година, астероид би можел да удри на нашата планета.
Во текстот е наведено дека астрономите од лабораторијата на NASA “Jet Propulsion”, во мисијата NEOWISE, со телескоп приметиле астероид со ширина околу 16 километри оддалечен 82 милиони километри од Земјата. Потоа пишува дека тој објект при блиската средба со...
Post Views: 10
Wikipedia може да биде многу корисен извор на информации но сепак треба да се земаат со резерва, а поготово кога се работи за сериозни теми како што се болестите и лечењето. Имено, истражувањето на научниците од американскиот универзитет Campbell, покажало дека девет од десет медицински статии на Wikipedia содржат погрешни информации, пренесува Daily Mail. Затоа предупредуваат, Wikipedia не би требало да се користи како замена за лекар.
“Истражувачите не би требало да ја користат Wikipedia како главен извор бидејќи тие написи не проаѓаат низ процес на проверка како...
Post Views: 12
И додека во САД можете да сретнете Starbucks coffee на секој чекор, овој ланец на кафулиња во Австралија се претворил во потполно промашување. Starbucks во Австралија спаднал на само 24 кафулиња, а нивната лиценца ја превземала компанијата Withers Group, која во таа земја управува со трговски ланец кој се вика 7-Eleven, пишува Bloomberg. Вредноста на спогодбата не е откриена.
Starbucks се појавил во Австралија во 2000 година, но не успеа да ја добие битката со другите ланци на кафулиња, како што е McCafe од McDonald, кој се појавил во земјата уште во 1993 година.
Starbucks...
Post Views: 4
Секој граѓанин ќе биде побогат за 1400 фунти годишно доколку Шкотска гласа за останување во составот на Велика Британија, изјавил заменик министерот за финансии на Велика Британија, Дени Александер.
“Доколку останеме заедно, иднината на Шкотска ќе биде посигурна, со посилни финансии и понапредно општество. Тоа значи дека секој маж, жена и дете во Шкотска ќе добијат дивиденда од 1400 фунти годишно”, изјавил Александер, а пренесува Reuters.
Неговиот апел кон Шкотските граѓани уследил, на референдумот на 18 септември, да гласаат против независност, откако шкотскиот премиер,...
Post Views: 1
Во 200 секунди е можно да го погледнете интернет во реално време по пат на иконографија. Google во тоа време бележи скоро милион пребарувања а заработува повеќе од 300 илјади долари.
Корисниците на Facebook, во овие 200 секунди, објавваат еден терабајт податоци составени од статуси, лајкуваат околу 10,5 милиони пати и прават 11 милиони објави.
Корисниците на Android апликациите слегуваат повеќе од 250 илјади апликации, додека купувачите на Amazon трошат повеќе од пола милион долари, а глобално се праќаат дури 690 милиони е-мејл пораки.
Ова можете да го видите на интернет...
Post Views: 12
H&M е добро познат светски бренд, меѓутоа на многумина не им се познати разните статистики и факти од историјата на компанијата.
Ова се десет интересни факти за шведскиот моден ланец Hennes&Mauritz:
H&M првата продавница ја отворил во шведскиот град Vastersau во 1947 година, а компанијата ја основал претприемачот Erling Persson.
Компанијата на почетокотсе викала само Hennes, што на шведски значи “за неа”. Дваесетина години подоцна го добила името Hannes&Mauritz, по аквизацијата со ланецот Mauritz Widforss.
Компанијата денес има 3200 продавници во повеќе...
Post Views: 16
На интернет се појави страница на која корисниците можат со виртуелно палење на знаме да покажат кое од нив најмногу го мразат.
Уште една во низата необични интернет страници, flag burning world, овозможува да запалите знаме од некоја држава, секако виртуелно. Корисниците досега запалиле 50 милиони знамиња, а македонското горело повеќе од 76 илјади пати. Откако ќе одберат чие знаме сакаат да гори, корисниците треба само да кликнат и знамето ќе исчезне во пламенот.
Важно е да се напомене дека бројот на палења непрестано се менува. Во понудата се и екс-ју државите па...
Post Views: 2
Критичарите велат дека одлуката на Европскиот суд на правда, по која граѓаните можат да бараат од Google бришење на податоци, ги слабее темелите на демократијата и дека тешко ќе се спроведува во пракса.
Од 13 мај, кога Европскиот суд ја донесе одлуката, на Google му се обратиле еден екс политичар кој има намера повторно да се кандидира, маж обвинет за злоупотреба на детски фотографии и лекар кој сака да се тргнат негативните мислења на пациентите, дознава BBC. Сите тие, и многу други, ќе се обидат да го искористат правото кое со оваа пресуда го имаат – од резултатите...
Post Views: 8
Воената лабораторија која е обвинувана за некои големи катастрофи во светот ќе биде згасната, пишува Indipendent.
Владата на САД изјавила дека оваа лабораторија која ја проучува атмосферата не и е потребна повеќе на земјата.
Некои теоретичари на заговор тврдат дека САД можат да го користат HAARP за модифицирање на временските прилики, природните катастрофи и за контрола на човечкиот ум.
Досега оваа лабораторија е обвинувана за чудните временски неприлики, природни катастрофи и болести, како и за индустриски несреќи како што беше катастрофата со спејс шатлот Колумбија....
Post Views: 0
Илјадници инвеститори му се восхитуваат и го впиваат секој негов збор. Новинарот на Business Insider запишал неколку одговори на Buffett на една конференција, а помеѓу другото и одговорот на прашањето што би направил ако има повторно 23 години.
Новинарот го објавил транскриптот на разговорот помеѓу 23 годишно момче од New Jersey кое било во публиката и Buffett. Момчето го прашало Buffett за совет околу претприемништвото.
“Млад сум и не ја познавам технологијата ниту знам да градам роботи. Да имате 23 години, во која не-технолошка индустрија би започнале бизнис?”,прашало...
Post Views: 5
Понеделник е најпопуларен ден за почеток на диета, а токму крајот на мај е времето кога многумина размислуваат за воведување на промени во исхраната за да се прикажат во што подобро издание на плажа, покажало истражувањето на британскиот портал BodyProject.com на повеќе од 1000 луѓе.
Спрема него, 69% од луѓето кои стартуваат со диета во понеделник, во последните два дена јаделе повеќе затоа што имаат намера до почетокот на летото да се ограничат во јадење на калорична храна, пишува Daily Mail.
Иако на почетокот на диетата луѓето се ентузијастични и усмерени на резултатите,...
Post Views: 4
Тајфунот Хиајан минатата година усмрти 6.000 луѓе на Филипините и покажа што можат да направат тропските урагани. Пред две години ураганот Сенди во САД докажа дека и богатите индустриски земји можат да бидат затекнати со природна катастрофа, пишува DW.
Спрема новата студија на Американскиот завод за временски прилики и океанографија (NOAA), бројни региони, првенствено Пацификот и јужниот дел од Индискиот океан, мораат да се припремат за тропските бури.
Научниците, заедно со метеорологот Џејмс Косин, пресметале дека тропските бури во изминатите 30 години се поместиле...