САД го затвораат HAARP

HAARP не е повеќе потребен

 |  инфодеск  | 

Воената лабораторија која е обвинувана за некои големи катастрофи во светот ќе биде згасната, пишува Indipendent.

Владата на САД изјавила дека оваа лабораторија која ја проучува атмосферата не и е потребна повеќе на земјата.

Некои теоретичари на заговор тврдат дека САД можат да го користат HAARP за модифицирање на временските прилики, природните катастрофи и за контрола на човечкиот ум.

Досега оваа лабораторија е обвинувана за чудните временски неприлики, природни катастрофи и болести, како и за индустриски несреќи како што беше катастрофата со спејс шатлот Колумбија. Тие истакнуваат дека постои патент кој го поднел еден од клучните научници кој работел на овој проект пред својата смрт и во кој стои дека со помош на HAARP е можна контрола и модификација на времето.

Овие теории на заговор доведоа и до сослушувања во Европскиот парламент.

Теоретичарите на заговор тврдат дека неговата задача била мистериозна за неинформираните, додека властите во САД тврдат дека лабораторијата се користи за проучување на природните процеси во јоносферата, со надеж дека ќе доведе до создавње на подобра технологија во радио комуникациите.

HAARP ќе биде затворен по завршувањето на последниот проект кон средината на јуни а цел процес ќе го спровде уште еден миленик на теоретичарите на заговор – Агенцијата за напредни одбрамбени проекти (DARPA).

За работа на овој систем годишно се трошат 5 милиони долари а цената за неговата изградба беше 280 милиони долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top