Post Views: 1
Македонскиот ММА тим избори место во елитната професионална Европска ММА лига. Ова големо европско натпреварување за прв пат се формира годинава, а дел од него ќе бидат и нашите борци.
Според координаторот на Македонскиот ММА тим, Марјанчо Лазарески, оваа европска лига ќе значи и огромна можност за анонимни борци да дојдат до израз и да добијат соодветно признание.
„Ние успеавме да влеземе во првите 16 земји. Учествуваат само 16 земји, а не влегоа земји како Русија, Грција, Бугарија. Ние успеавме да влеземе под нашето уставно име, Република Македонија. Тоа е најголемиот...
Post Views: 7
Култура 365 во акцијата „Недела на книгата“ на охриѓани им го подарува романот „Децата на Марија“. Оваа книга е дел од творечкиот опус на познатиот струшки писател, Петко Шипинкаровски. Овој роман е второ четиво кое Шипинкаровски го напишал од областа на историјата.
Романот го обработува периодот околу Првата светска војна, а дејствието е сместено во Мариово, за време на протерувањето на македонското население од селата и неговиот егзодус во Мегленско, Тиквешко и Битолските краишта.
„Децата на Марија е вистинска приказна за едно семејство, конкретно од едно од тие села,...
Post Views: 0
Охриѓанките кои очекуваат принова но и оние кои планираат проширување на семејството, покажале голема заинтересираност за бесплатниот курс на Црвениот крст за правилна грижа за новороденчињата. Ваков курс Црвениот крст организирал и пред три години, но велат дека курсот кој што сега го нудат е проширен и опфаќа повеќе области, а не само делот за правилно доење и правилна исхрана кај децата.
„Овој пат го прошируваме, акцентот го ставаме повеќе на мајките и тоа како треба да се подготвуваат за време на нивната бременост. Понатаму сите оние фази кои што следуваат во бременоста,...
Post Views: 6
Традиционално како и изминативе години, денес на „Денот на рибарите“ се фрлаа петте буриња со вино. Од нив, само едно е полно со црвено вино, а оној кој ќе го фати ова буре, добива Божји благослов и дарови од здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“.
Оние кои ќе скокаат по бурињата, најпрво палат свеќи за здравје, а од црква заедно со црковните симболи се упатуваат на пристаниште. Денешниот ден донесе двојна радост за фаќачот на светиот крст, Петар Рупески.
„Многу сум познат овие два дена на телевизија. Оваа година ми е најсреќна....
Post Views: 3
Во очи големиот христијански празник Богојавление-Водици, локалната самоуправа на чело со градоначалникот Никола Бакрачески, во соработка со поранешниот кум на Водици, Ванчо Чифлиганец, денес поделија хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства во Охрид. Со доделените пакети, градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се обидат да дадат мал допринос во помагањето на оваа категорија на граѓани.
„Ние како локална самоуправа неколку пати напоменавме дека еден од приоритетите на оваа локална самоуправа ќе биде континуирано помагање на социјално загрозените семејства...
Post Views: 7
Во фантастична атмосфера, преполнетата сала во Билјанини извори не можеше да ги собере сите кои сакаат да бидат дел од концертот на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, неповторливиот Жељко Јоксимовиќ. Нешто повеќе од два часа траеше мега концертот на кој охриѓани едногласно ги пееја песните на Јоксимовиќ. Нашата екипа имаше екслузивна можност да поразговара со познатата ѕвезда.
„Патувавме едно шест и пол часа и воопшто не е проблем. Кога публиката е онака позитивна, јас уживам во концертот и не само јас, туку и целиот мој бенд, потполно сме подготвени за...
Post Views: 6
Изминува половина од предвиденото време во кое охриѓани ќе можат да уживаат во градското лизгалиште, новата забавна содржина на градскиот плоштад.
Уште од неговото поставување на 24ти Декември, во јавноста провејуваа различни мислења, од тоа дали е потребно, потоа дали е одбрана вистинската локација до тоа дека лизгалиштето е вистински погодок и атракција и за домашните, и за туристите. Екипата на ТВМ излезе на лице место па ги запраша што за него мислат оние кои лизгалиштето го користат единствено за тоа…за лизгање. Еве што ни кажаа децата кои ги затекнавме таму.
„Тука...
Post Views: 11
Научната и светата јавност од регионот, Европа, но и светот, за Водици доаѓа во Охрид. Причина е втората по ред меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам на која учество и свој придонес ќе дадат околу шеесетина научници од областа на културното наследство.
„Ќе ги согледуваме најновите истражувања и резултати од областа на затштитата на културното наследство и валоризација на сето тоа во туристички цели и нормално тука може да помогнат медиумите заради подобра афирмација, презентација и истражување. Јасно е дека и Македонија, и регионот единствено...
Post Views: 2
Новото раководство на Јавното претпријатие „Градски пазар“ најави дека за скоро време ќе се објави тендерот за јавно-приватно партнерство за изградба на долгоочекуваниот нов, модерен, затворен пазар во градов. Директорот на јавното претпријатие, Тони Коталески, информира дека е веќе разрешена и ситуацијата со нерешените имотно-правни односи на земјиштето на кое ќе се гради пазарот, и дека веќе испратиле барање до Владата на Република Македонија за добивање на право на користење на тоа градежно земјиште.
„Потребната планска документација за изградба на пазарот е веќе...
Post Views: 2
Започна Курајчкиот карневал под маски. Забава со диџеи уште синоќа го означи почетокот на тридневната програма по повод Стара Нова година или Василица, додека официјалниот дел од карневалот започнува денес. Претседателот на месната заедница од Куратица, Горан Ангелоски, вели дека „Со или без маска, традицијата треба да продолжи.“
„Традиционалниот дел на маскенбалот, карневалот, започнува вечерва во 18 часот со збирање на групата околу василичарскиот оган. Таа брои секогаш околу 200 до 300 луѓе кои во 19 часот стартуваат од курајчкото сретсело и буквално ја посетуваат...
Post Views: 4
Густата магла која го обви и нашиот град, покрај техничките потешкотии кои ги создаде околу функционирањето на воздушниот и патничкиот сообраќај, деновиве причина и за зголемениот број на пациенти во пулмо-алерголошкото одделение при Општата болница од Охрид. Началникот на интерното одделение, д-р Сашо Василески, вели дека во изминативе десетина дена, бројот на пациенти во Центарот за респираторни болести при Општата болница е зголемен за околу 20 % како последица на густата магла.
Особено на удар, д-р Василески вели дека се пациентите со хробнични белодробни заболувања.
„Факт...
Post Views: 12
На 94 годишна возраст почина познатиот македонски резбар Димче Јанко. Јанко е роден во Охрид, на 21 октомври 1919 година. Тој е еден од најплодните мајстори на полето на копаничарството во Македонија. Потекнува од повеќечлено семејство, од татко Јане и мајка Лојза. Во 1934 година ја напушта гимназијата и се запишува во Резбарското училиште во Охрид, оддел резбарство. Во 1947 година завршува мајсторски испит по резбарство во Пловдив, Бугарија.
Од 1947 до 1962 година Димче Јанко работи во фондацијата на Св. Богородица (Перивлепта), потоа во ателјето за уметничка резба...