Преполна сала и фантастичен концерт на мега-ѕвездата, Жељко Јоксимовиќ

Синоќа охриѓани имаа извонредна можност да уживаат во звуците на еден од најпопуларните пејачи на Балканот, Жељко Јоксимовиќ.

 |  Мишел Наумоски  | 
koncert Zelko
концерт Жељко

Во фантастична атмосфера, преполнетата сала во Билјанини извори не можеше да ги собере сите кои сакаат да бидат дел од концертот на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, неповторливиот Жељко Јоксимовиќ. Нешто повеќе од два часа траеше мега концертот на кој охриѓани едногласно ги пееја песните на Јоксимовиќ. Нашата екипа имаше екслузивна можност да поразговара со познатата ѕвезда.

Zeljko Joksimovic„Патувавме едно шест и пол часа и воопшто не е проблем. Кога публиката е онака позитивна, јас уживам во концертот и не само јас, туку и целиот мој бенд, потполно сме подготвени за добар концерт и програмата како што видовте ни е разнолика. Кога ќе наидете на вака добра атмосфера како што има овде во Македонија и Охрид, публиката во текот на целиот концерт да пее со вас, е тоа е она што јас го сакам и тогаш и самиот го менувам репертоарот.“-вели Жељко Јоксимовиќ.

Свој настап на големиот концерт имаше и пуленот на Јоксимовиќ од шоуто Икс Фактор, стружанецот кој ги доби симпатиите од целиот Балкан, Даниел Кајмакоски.

Ова е се што засега ќе ви откриеме од ексклузивното интервју со мега-ѕвездата Жељко Јоксимовиќ, само колку да ја побудиме вашата љубопитност, а целиот разговор со него ќе може да го проследите во новото издание на емисијата Нов ден, во вторник, 21 Јануари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top