• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Заедничка хуманитарна акција на локалната самоуправа со кумот на Водици 2012, Ванчо Чифлиганец

Заедничка хуманитарна акција на локалната самоуправа со кумот на Водици 2012, Ванчо Чифлиганец

Во духот на големиот христијански празник, Водици, тие денес на социјално загрозените семејства од Охрид им подарија хуманитарни пакети.

 |  Мишел Наумоски  | 
paketi
пакети

Во очи големиот христијански празник Богојавление-Водици, локалната самоуправа на чело со градоначалникот Никола Бакрачески, во соработка со поранешниот кум на Водици, Ванчо Чифлиганец, денес поделија хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства во Охрид. Со доделените пакети, градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се обидат да дадат мал допринос во помагањето на оваа категорија на граѓани.

humanitarni paketi„Ние како локална самоуправа неколку пати напоменавме дека еден од приоритетите на оваа локална самоуправа ќе биде континуирано помагање на социјално загрозените семејства и ранливите групи на граѓани. Досега спроведовме неколку акции. Ова е продолжение на нашите заложби да ги помагаме социјално загрозените семејства. Се надеваме дека овие акции ќе наидат на широк одзив и кај другите граѓани кои што можат да ги помагаат социјално загрозените категории.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Веќе традиционално, дел од ваквите хуманитарни акции во очи големиот празник Водици, својата хуманост ја покажува и кумот за Водици од 2012та година, проф.д-р Ванчо Чифлиганец.

„Оваа традиција ја продолжуваме, да поделиме едни скромни, коректни хуманитарни пакетчиња, иако е непријатно чувството кога на некој му се дава, но ние тоа го правиме со големо срце и љубов, затоа што и јас потекнувам од сиромашно земјоделско работничко семејство и секогаш во моето опкружување имало надеж така да и овие луѓе сакаме да имаат надеж.“-вели проф.д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на АДОРА Инженеринг.

donacija lokalnaХуманитарната акција беше спроведена во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

„Од името на Црвениот крст сакам да се заблагодарам на кумот на Водици од 2012та година, Ванчо Чифлиганец и на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и локалната самоуправа за целосната поддршка која ни ја даваат за опслужувањето на ранливата категорија на граѓани во Охрид. Сакам да кажам дека во текот на целата година, континуирано, ние ќе се обидуваме да помагаме на социјално-ранливите граѓани и да им излеземе во пресрет во рамките на нашите можности.“-изјави координаторот за организационо-стручни работи при Црвениот крст, Мимоза Ставрева.

Инаку во рамките на денешната хуманитарна акција, беа поделени околу 120 хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства во нашиот град.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top