Голем интерес за бесплатната обука за идните мајки

Курсевите започнуваат на почеток од февруари и на нив мајките ќе добиваат корисни совети како подобро да се грижат за своите новороденчиња.

 |  Мишел Наумоски  | 
bebenca
бебенца

Охриѓанките кои очекуваат принова но и оние кои планираат проширување на семејството, покажале голема заинтересираност за бесплатниот курс на Црвениот крст за правилна грижа за новороденчињата. Ваков курс Црвениот крст организирал и пред три години, но велат дека курсот кој што сега го нудат е проширен и опфаќа повеќе области, а не само делот за правилно доење и правилна исхрана кај децата.

idni majki„Овој пат го прошируваме, акцентот го ставаме повеќе на мајките и тоа како треба да се подготвуваат за време на нивната бременост. Понатаму сите оние фази кои што следуваат во бременоста, пораѓањето, како сето тоа изгледа, се што ги очекува со нивните новороденчиња во однос на правилната исхрана, правилното доење, правилното повивање и дел кој што ние како организација за кој што минатата година, на крајот од 2013та година, добивме награда од Црвениот крст на Македонија за најдобри во делот на развој на првата помош. Ќе ставиме акцент и на првата помош кај децата, односно педијатриски курс по прва помош, по светски стандарди, благодарение на соработката што ја имаме со операцијата Флоријан и Британскиот Црвен крст.“-вели Даниел Наумовски од Црвениот крст од Охрид.

Наумовски вели дека курсевите ќе бидат водени од лица стручни во своите области, а ги спроведуваат заедно со УСАИД Македонија и Мировниот корпус.

obuka bebinja„Проектот вклучува многу експерти од своите области, и е многу практичен. Во делот на прва помош, јас и мојот колега Младен Божиновски ќе бидеме задолжени за правилна едукација на идните мајки со новите методи кои што се пропишани од Светската здравствена организација и од Светската асоцијација за реанимација, делот за гинекологија ќе го работи д-р Мимоза од охридската гинекологија, д-р Катерина ќе го работи делот за вакцинација и правилно доење и правилна исхрана и практичниот дел ќе го работи патронажната сестра Санте Хаџи-Василевска.“-рече Наумовски.

Обуките започнуваат во првата недела од идниов месец. Самите обуки ќе се спроведуваат практично на фантоми односно реалистични кукли, а храната која ќе ја подготвуваат мајките на овие курсеви понатака ќе ја даваат на нивните новороденчиња. Наставата ќе се одвива во просториите на Црвениот крст во текот на пет дена и во траење од по 3 часа. Како дел од курсот ќе бидат вклучени и три, практични прирачници и тоа еден за правилно доење, еден за подготовка на храна и еден за педијатриски курс за прва помош. Инаку од Црвениот крст напоменуваат дека овој курс може да го посетуваат и татковци, како и баби и дедовци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top