Post Views: 29
Велат дека најдобар пријател на човекот е кучето, но за жал, се помалку, човекот е најдобар пријател на кучето. Несовесни сопственици наместо да се грижат за својот миленик го пуштаат на улица каде го демнат бројни опасности. Претставниците од здружението за заштита на животните, Анима Мунди, токму овде ги лоцираат основните причини зошто има неконтролирана бројност на бездомни кучиња низ улиците. Покрај несовесните сопственици, уште и достапните извори на отпад, непрактикувањето на законската регулатива и непостоењето на системска стратегија скоро подеднакво придонесуваат...
Post Views: 2
Билјана платно белеше ама немаше каде да го пружи за сушење. Ако претпоставиме дека хероината на нашата позната песна живеела во стан, од 1ви овој месец ќе беше во голема мака. Според правилникот за домување во станбени згради, помеѓу сите членови стои и оној кој вели дека пружењето алишта на терасите од зградите е забрането, односно не треба да се пружат алишта на места кои не се определени за таа намена. Каде ако не на тераса? Верувам ова е прашањето кое секој граѓанин кој живее во зграда си го поставува деновиве. Законски одговор има, меѓутоа во пракса спроведувањето...
Post Views: 5
Некаде функционираат, а некаде не. Лифтовите во Охридските згради може да ви бидат или најдобар пријател или најголем кошмар. Сето тоа зависи од редовноста со која тој лифт се одржува. А кој да плаќа за негово одржување ако не станарите кои секојдневно го користат. Охрид за среќа или за жал е туристички град во кој голем дел од становите немаат домашни сопственици. Тука се создава голем проблем за заедницата на станари која според Законот за домување треба да ја има секоја зграда.
„Сега функционираме, барем досега додека не беше донесен законот, на повик, кога ќе имаше...
Post Views: 8
Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме од нападите и секако да го туристички валоризираме во...
Post Views: 1
Да се стопира конкурсот за доделување стопанска концесија. Ова барање на спортско риболовното друштво Свети Апостол Петар сеуште актуелно. Од таму ни велат дека сите научни истражувања покажале дека Охридското езеро во моментот нема капацитет за да биде експлоатирано во поголеми размери. Количината на риба во езерото велат не е доволна за да може да се сноси со товарот на една стопанска концесија, а во минатото ваквата концесија се покажала како уништувачка за рибниот фонд.
„Ние како спортски рекреативни риболовци уште пред месец дена најавивме дека ќе се бориме до крај...
Post Views: 0
Република Македонија е една од 112те земји кои уживаат во широкопојасниот интернет. Или во превод, македонците се служат со супер брз и ефтин интернет преку кој лесно добиваат пристап до бараните информации. Петтиот по ред состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, со заклучок дека токму оваа технологија е основа за економскиот развој на земјите во светот. Според премиерот Груевски, Македонија не е исклучок од тоа.
„Развојот на информациските и комуникациските технологии во Република Македонија е ставен многу високо на списокот на приоритети...
Post Views: 7
Имало ден и за велосипедистите. Некој се сети и на нив, па долж „Туристичка“ им нацрта две релативно симетрични жолти ленти. Па сега слободно може да возите меѓу нив и гајле да си немате. Изгор жолтата боја како оса ги боди во очи оние со автомобилите, па од километар можат да ве видат. Безбедни сте, верувајте. Ако досега велосипедистите се вклопуваа во сообраќајниот пејсаж, од сега и со мижење ќе може да се забележат. Секако ако се движите помеѓу жолтите лентички. Да не излезе дека Ве лажам, еве ќе Ви бидам личен водич низ маестралната велосипедска патека, па да се...
Post Views: 1
Поминаа десетте дена обука за развој на руралниот туризам. Резултат-37 тренери добија сертификати како сведоштво на искуствата стекнати во текот на обуката. Проектот „Развој на руралниот туризам“ им овозможи на учесниците од Охрид, Струга, Битола како и гостите од Албанија да се стекнат со подлабоки познавања на сите аспекти на овој специфичен вид на туризам.
„Со нашите патувања на терен во неколку села од Охридско-струшкиот регион, како и вчера го посетивме Вевчани, навистина на терен можевме да слушнеме и од претприемачите кои веќе работат со кои проблеми се соочуваат.“„Се...
Post Views: 2
После само четири месеци работење на новиот претседател на регионалната занаетчиска комора, се појавија првите проблеми. Членови на охридската занаетчиска комора, незадоволни од работењето на новиот претседател. Тие поднеле барање за интерпелација на претседателот на комората, Сашо Богоески. Еден од потписниците на барањето за смена на Богоески е Ацо Димитриески, член на занаетчиската комора. Тој ни го пренесе ставот на членовите кои се незадоволни од функционирањето на комората. Димитриески вели: „Поднесени се сите потребни документи и барања за интерпелацијата на Богоески....
Post Views: 17
На 1ви Април истекува рокот до кој сите згради во Централниот регистар мораат да регистрираат совет на станари. Дали по сопствена волја или под притисок на законските одредби, повеќе од 80 проценти од зградите во Охрид веќе ги регистрирале своите совети. Сепак, дел од нив со сомнеж гледаат во полезноста на Законот за домување. Велат дека законот убаво звучи, но и дека се потребни механизми за негово спроведување. Според претседателот на советот на станари од зградата 101 на булевар „Туристичка“ најголемите проблеми и натаму ќе останат нерешени.
„Па ние се држевме до...
Post Views: 14
Оваа пролет по се изгледа ќе мине без очекуваната акција „Ден на дрвото“. На крајот на месецов или почетокот на идниот, Македонија требаше да засади околу две милиони садници со што би се заокружила бројката од 30 милиони дрвца засадени од почетокот на оваа акција пред 4 години. Сепак иако најавена, акцијата беше презакажана за наесен. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во нивното соопштение како причина за откажувањето на акцијата ги наведуваат високите температури и наглото топење на снегот. По консултации со стручни лица од областа, министерството...
Post Views: 11
Започна пролетта, започнува и садењето на земјоделските култури. Земјоделците ги подготвуваат своите површини. Сето ова ќе беше одлично, ако оној дел на несовесни земјоделци, подготовките не ги вршеа со палење на стрништата. На овој начин, и отвораат дополнителна работа на територијалната противпожарна единица од Охрид. Од таму не информираат за рекорден број на интервенции на отворено. Единицата досега интервенирала дури 46 пати што е многу над просекот од изминативе години. Командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски вели дека иако бројката...