Post Views: 0
Пациентите со ретки болести се сеуште невидливи пред законите на Р.М. алармираат нивните здруженија. Во Македонија е неопходно усвојување на национална стратегија за ретки болести и изработка на специфичен Закон за ретки болести, со цел унапредување на квалитетот на живот на пациентите и семејствата засегнати од ретка болест. Во моментот, единствен правен акт со кој се регулирани дел од аспектите што ги засегаат пациентите со ретки болести е Програмата за ретки болести. Охриѓани денес одбележувајќи го светскиот Ден на ретки болести покажаа дека настаните кои помагаат...
Post Views: 6
Секој православен христијанин има потреба од пост, исповед и причесна. Денеска почнуваат Великите пости, познати во народот како Велигденски пости. По вчерашниот празник Прочка кога помладите бараат прошка од постарите, а сите бараат од Бог да им ги прости гревовите, денес се пристапува кон строгиот пост. Отец Владо Недески, од Дебарско – кичевската епархија нагласува дека за време на постите црквата не само што дава насоки како да се пости туку и ги укрепува верниците со Богослуженија кои се одржуваат и во утринските и во вечерните часови во црквата Св Богородица Каменско.
„Овој...
Post Views: 1
Марко Бошњаков, заслужува да биде подигнат на поголем пиедестал. Денес кога одбележуваме 109 години од погибијата на охридскиот гемиџија, потсетувајќи се на неговат жртва, патриотизам, желба да покаже се она што треба во еден таков историски момент за својата држава, во најмала рака треба да му се посвети име на улица или спомен обележје, истакна Дејан Паноски од Комисијата за одбележување празници.
„Ние немаме милиони личности кои што треба да ги чуваме и да го чуваме споменот на нив и треба да искористиме секој еден момент да покажеме за нашата историја и посветеност....
Post Views: 1
Охриѓанки за 8 ми март ќе уживаат во странство, претежно во земјите од регионот. Годинава денот на жената ќе се слави во среда. Традицијата на празнување се менува. Од година во година расте бројот на охриѓанки кои за празниците уживаат да патуваат на интересни туристички дестинации, вели Jаким Маленко од ТА „Вис Пој“
„Најмногу се одлучуваат за блиските дестинации, со оглед на тоа дека годинава нема многу слободни денови, нема многу простор да се отсуствува, се одбираат поблиски дестинации со помал број ноќевања. Од нашата агенција има голем број на понуди, наш директен...
Post Views: 3
Во Куманово е уапсен осомничениот за убиството на 67 годишната Спаса Бојоска, настан кој понеделникот го потресе Охрид. Осомничениот, кој потекнува од Куманово, живеел во иста станбена зграда со жртвата на ул „Галичица“ и се познавал со неа. По извршеното разбојништво, тој заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата се вели во соопштението од јавноста на Основното јавно обвинителство. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот настан. Во текот...
Post Views: 0
Од Охрид, лулката на христијанството, од градот на словенската писменост и култура, денес беше промовирана поштенската марка посветена на знаменитостите на Охрид и Санкт Петербург. Денес во куќата на Уранија беше промовирано изданието на Руската пошта од заедничкиот проект за издавање на руско македонска марка, додека пак пред две недели во Скопје беше промовирано македонското издание. Пријателската соработка со Руската федерација посебно на полето на проширување на туристичката понуда на градот, продолжува, истакна првиот човекна градот Никола Бакрачески
„Овој чин...
Post Views: 4
Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ по трет пат ги ветува истите проекти за Охрид, што ги ветуваше и на минатите локални избори. Пред 4 години ВМРО-ДПМНЕ вети преродба и забрзан развој на Охрид, но не реализира ниту еден од ветените приоритетни проекти, обвинуваат од ОО на СДСМ Охрид.
„Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема Дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем, ниту една нова пречистителна станица,...
Post Views: 2
Во овој период едно од најактуелните прашања на учениците од 4 та година каде да го продолжат своето образование. Една од целите на психолошкиот центар Солушн претставува одржување на обуки и семинари, посебно за адолесцентите, односно децата од средношколска возраст, вели Ранко Раткушиноски од првиот психолошки центар Солушн во Охрид.
„Многу често се случува таа популација да се соочи со проблем каде понатака да се запише. Или се во 4 та година и не се во состојба да размислат и не можат да видат каде ќе одат понатаму, се ограничени во своите можности. Ние како центар...
Post Views: 1
Растот на животните трошоци е одраз на порастот на цените на мало. Во февруари годинава, споредено со истиот месец лани пораснеле трошоците за живот за 1,8 отсто, според податоците на Државниот Завод за статистика. Граѓаните се соочуваат со зголемување на трошоците во повеќе сфери на општественото живеење а најголема забелешка имаа за порастот на цените кај исхраната.
Дел од жителите на Охрид и по неколку години не знаат дали денес имаат повисоки трошоци од порано. Запрашани дали денес се одвојуваат повеќе пари од домашниот буџет за расходи, креваат раменици. Некои...
Post Views: 1
Практиканство и обука за дефицитарни занимања се двете најнови мерки за поддршка за вработување на млади лица до 29 години. Овие мерки се спроведуваат во Агенцијата за вработување на Р. Македонија, а се дел од Европски проект од ИПА програмата. Марија Симјаноска, од охридскиот центар за вработување појаснува дека мерката практиканство е многу популарна и добар дел од младите ја занаат и ја имаат искористено, но ги имформираат и оние кои не знаат и сеуште не ја имаат искористено да се пријават во Агенцијата за вработување.
„Една од мерките е практиканство, која што...
Post Views: 1
Во тек е четиридневната обука на тема „Обука на обучувачи – Слобода на изразување од чл.10 од Европската конвенција за човекови права“. Претставниот на Советот на Европа, Борис Лазов рече дека на овој настан има 20 учесници, од кои 15 се судии и јавни обвинители а 5 мина се адвокати.
„Целта на оваа обука за обучувачи е да произведе кадри кои што ќе можат понатаму да спроведуваат дополнителни обуки за членовите на нивните институции и организации значи за следните кои ќе слушаат обуки од адвокатската комора на Македонија и од Академијата за судии и јавни обвинители,...
Post Views: 1
Четирите ѕидови од работната соба на Гоце Ангеличин Жура, каде уредно почиваат неговите документирани бројни откритија за Охрид, претставуваат Центар на културата во Европа и светот. Пред се тоа се дела од теренската работа на Жура во текот на неговиот работен стаж во Завод и Музеј Охрид, но и приватно талкајќи по белиот свет по интересни и секогаш нови откритија. Неговите светски откритија најмногу се отсликуваат во неговите записи за пештерските цркви, за што годинава Жура очекува да излезе од печат и најновата книга од над 100 колор фотографии за пештерските цркви...