Одбележана 109 годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Одбележана 109 годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков. Неколку делегации од градов пред неговата родна куќа положија свежо цвеќе оддавајќи му почит на Бошњаков за делата, посебно за неговите залагања во борбата за самобитност на македонскиот народ.

 |  Николоска Биљана  | 

Марко Бошњаков, заслужува да биде подигнат на поголем пиедестал. Денес кога одбележуваме 109 години од погибијата на охридскиот гемиџија, потсетувајќи се на неговат жртва, патриотизам, желба да покаже се она што треба во еден таков историски момент за својата држава, во најмала рака треба да му се посвети име на улица или спомен обележје, истакна Дејан Паноски од Комисијата за одбележување празници.

„Ние немаме милиони личности кои што треба да ги чуваме и да го чуваме споменот на нив и треба да искористиме секој еден момент да покажеме за нашата историја и посветеност. Но ние секогаш треба да бидеме тука да ги одбележиме овие денови да се сетиме дека како дел од историјата бил и Марко Бошњаков, кој ја дал својата жртва за Македонија за идејата, за организацијата“  

Паноски нагласи дека жртвата на Марко Бошњаков претставува нависок патриотски чин, кој одговарал на тоа време кога била борбата на самобитност на македонскиот народ. Додава дека денес пред нас исправено стојат нови генерации, кои имаат своја битка.

„Денеска патриотизам значи да се учи, да се донесе нешто за својот град, некои позитивни процеси, да се напише книга за својот град , да се помогне на секој наш сограѓанин и на секој што ја сака својата татковина

Охриѓанецот, гемиџијата  Марко Бошњаков беше еден од неколкумината кои ги преживеаа Солунските атентати изведени од групата млади македонски патриоти наречени солунски атентатори. Тој беше заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му беше заменета со доживотна робија што ја отслужуваше во тогашниот злогласен затвор Музрул во Африка, каде и умре на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците. Марко Бошњаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет: „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“. Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошњаков така што ја отсекле главата од беживотното тело на Бошњаков и ја донеле во неговиот роден град. Делегации на општина Охрид, политичките партии, невладини организации и учениците од ОУ „Христо Узунов“ пред родната куќа на Бошњаков во Охрид, денес положија свежо цвеќе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top