Вообичаена дилема: Каде после 4 та година?

Каде да се запишам по завршување на средното училиште? Овој период, ова прашање е едно од најактуелните кај учениците од 4та година. Одговорот на ова прашање средношколците може да го пронајдат во психолошкиот центар „Солушн“ кои за таа намена организираат и специјални обуки.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Во овој период едно од најактуелните прашања на учениците од 4 та година каде да го продолжат своето образование. Една од целите на психолошкиот центар Солушн претставува одржување на обуки и семинари, посебно за адолесцентите, односно децата од средношколска возраст, вели Ранко Раткушиноски од првиот психолошки центар Солушн во Охрид.

„Многу често се случува таа популација да се соочи со проблем каде понатака да се запише. Или се во 4 та година и не се во состојба да размислат и не можат да видат каде ќе одат понатаму, се ограничени во своите можности. Ние како центар тука ќе понудиме една услуга, каде што децата ќе можат да дојдат и ќе ги искажат своите проблеми, ќе се советуваат со нас и ќе се консултираме само за нивното добро“

Раткушиноски смета дека проблематиката околу менталното здравје треба да има свое место и во образовниот процес, со цел учениците да се стекнат со одредени знаења, но и да препознаат дали им е потребен некој психолошки совет од применетата психологија.

„Би било убаво, но незнам колку нашиот образовен систем е отворен за тие потреби. Веќе во секое школо има психолози во стручната служба, претпоставувам дека учениците се советуваат кога имаат потреба од некој психолошки проблем“.

Инаку на 26 февруари од 15 до 20 часот во просториите на психолошкиот центар Солушн закажан е вториот термин од НЛП Семинар “ МОДЕРЕН НАСТАВНИК“. Раткушиноски вели дека до овој момент интересот за овој семинар е голем. Додава дека поради неговиот интерактивен карактер и зголемена ефикасност за работа бројот на членови ќе биде ограничен. Пријавувањето е најдоцна до 22 февруари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top