Post Views: 1
Одбележана 106 годишнината од смртта на охридскиот преродбеник Кузман Шапкарев. Денес во НУ „Григор Прличев“ во просториите на библиотеката на пригодна манифестација беа доделени сертификати на 32 учесници за бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика, организиран од Локалната самоуправа при општина Охрид. Бакрачески во своето излагање до присутните се обрати со краток говор за значењето на нашиот Козма, познатиот Кузман Шапкарев, и воедно на учесниците им ги врачи сертификатите.
„Водени од ентузијазмот на нашите предци и предизвиците кои ги наметна...
Post Views: 13
После 4 децении испливаа на површина проблемите на О.У. „Братство Единство“. Азбесните кровови на училишните згради, водоводно канализациониот систем, санитарните чворови, асфалтирањето, осветлувањето, се само дел од проблемите за кои ова училиште веќе подолг период бара решение. Како што истакна директорот на училиштето Муамер Доко, со реновирање на двата објекти би се подобриле условите за работа и престој на нивните ученици и наставниот кадар.
„Овие училишни згради се меѓу најстарите, кога реков дека централната зграда е пред 65 години, додека пак зградата во...
Post Views: 6
Огромна дупка на патот од Крушје накај Ресен му го оштети возилото на нашиот сограѓанин Златко Ангелески. Синоќа околу 18 часот тој сакајќи да избегне голема дупка налетал на друга која му го уништила предното тркало од неговиот автомобил и бил спречен да го продолжи своето патување. Ангелески раскажува дека често го минувал тој патен правец и дупките му биле добро познати па затоа таму возел претпазливо и со прилагодена брзина со условите на патот.
„На патот имаше огромни дупки некаде беа дијаметар од 1 метар и 30 со метар и 80 должина и 13-15 см длабочина кои ги...
Post Views: 38
Охридското Водно, населбата Чекоштина ќе добие нов лик. Како што изјави Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам при општина Охрид, планот за Чекоштина бил донесен некаде во 80 сетите години кој бил изработен по старите прописи. Додава дека согласно Законот за просторно планирање должни биле во рок од 4 години сите претходно донесени планови да се усогласат со новиот закон а во тоа влегува и планот за Чекоштина.
„Таму е предвидено домување во семјени куќи, во станбени згради една локација за црква и таму ќе се реновира и изгради, предвиден е и еден дел зеленило покрај...
Post Views: 1
Агенциите за недвижности се соочуваат со редици проблеми. Како што вели Александар Трајкоски, од ЕНХЕЛЕЈА овие проблеми се провлекуваат 20 години нананзад. Еден доста горлив проблем е што голем процент на недвижности во Охрид се продаваат приватно, односно на интернет сајтовите, како што појаснува Трајкски.
„Има ситуација се продава куќа во центарот во стариот дел од градот. Таа куќа тогаш немало урбанистички, со некое авионско снимање влегла само под објект, така било и сега таа има имотен лист, меѓутоа катот не е легализиран или е надвор од габаритот или има некој...
Post Views: 11
Добриот изум може да се претвори во успешна иновација. Компаниите и иноваторите денес во Охрид имаа можност да слушнат за финансирање на иновативните проекти и искуствата од регионот. Поддршката од државниот Фонд за иновации треба да резултира со нови работни места и примена на нови технологии, вели Катерина Кречева советник во одделението за подготовка на програми, додава дека преку тековниот оглас ќе се распределат 600 илјади евра за 20 компании.
„Би скале да ги охрабриме сите заинтересирани компании или претприемачи кои што сакаат имаат идеја сакаат да развијат...
Post Views: 33
Бубрежната калкулоза или народно кажано камен во бубрег, не е ретка појава во охридско – струшкиот регион. Таа претставува метаболичко заболување и генетската предиспонираност се смета дека е 12%, вели Д-р Крсте Стојаноски, уролог при општа болница Охрид. Тој смета дека превенцијата е најдобар лек за здрав бубрег. Додава дека секој човек превентивно еднаш годишно треба да направи лабараториски преглед, заради рано откривање на бубрежните заболувања.
„Сите ендемски подрачја се претпоставува дека има нешто што пациентот прима редовно, и исто е фактор за тоа што охридско...
Post Views: 17
Веќе една година нема линиски превоз до селото Брежани, кое припаѓа во општина Дебрца. Мештаните велат, жалосно е што во 21 век немаат превоз до родните места каде што имаат куќи, обработуваат ниви а чуваат и по некој сандак со пчели. Тие апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи станува збор за повозрасна категорија на луѓе кои не се во состојба да застанат зад волан и да појдат до саканата дестинација. Брежанецот Цветко Суклоски вели дека градоначалникот на општина Дебрца треба да се ангажира и да пронајде превозник.
„Бараме како прво да има барем еден...
Post Views: 1
Али Маноку од албанското село Москополе, вели дека животото го научил на две лекции, да работиш повеќе или да го преспиеш животот. Тој во далечната 2004 година зедно со сопругата и неговиот син отпочнале бизнис. Маноку вели, дека Москополе е единственото село во Албанија кое нуди различни можности на алтернативниот туризам, посебно поради големите културно историски вредности и големиот број на цркви. За менаџмент за успешен бизнис не треба школо, туку чуство кој бизнис може да биде профитабилен, додава тој. Па така денес Москополе или како што го нарекуваат Влашкиот...
Post Views: 2
Ѓорѓи Трпчески повторно ја доби довербата од 21 месен огранок за претседател на Извршниот одбор на ЗП на Охрид и Дебрца. Во една фер и демократска атмосфера од отворен карактер, од 26 до 24 февруари годинава се спроведе постапката за избор на нови раководства во Месните ограноци, Собранието и телата и органи на ЗП од Охрид и Дебрца. Без приговори и забелешки сите месни ограноци одлучија Трпчески и наредните 4 години да продолжи да ја води најголемата и најактивна пензионерска организација препознатлива по своето делување во повеќе сфери а посебно истакната на полето...
Post Views: 5
522 евра или 32 143 денари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да го преживее првиот месец од 2015 та година. Најголем дел од семејниот буџет граѓаните трошат за исхрана и за подмирување на трошоците за домување и комуналии. Ова го покажуваат новите податоци за Потрошувачката кошница, што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Четиричлено семејство со само еден вработен кој прима просечна нето плата за да ја наполни потрошувачката кошничка од 522 евра односно да го преживее месецот, ќе му недостигаат уште околу 160 евра. Според последните податоците...
Post Views: 1
Во пресрет на осми март денот на жената, може да подарите ваучер за масажа или пак некој модерен козметички третман. Од Салонот за убавина Изида Спа велат дека младите веќе ги надминале табуата дека масажите и негата на телото се луксуз и најчесто кај нив се обраќаат за различни изненадувања по некој повод.
„ Во последно време младите прават девојачка вечер на приер наместо да одат во кафеана доаѓаат со гратиси за своите другарки велнес терапии и уживаат цел ден со шампањ што на крај сето тоа го прославуваат. Значи може и друг начин често се купуваат ваучери за пријатели...