Масажа-подарок за 8 ми Март, зошто да не

Салоните за убавина полни со изненадувања. Разни видови масажи и третмани на лице и тело за секоја жена која води грижа за својот изглед се добра идеја за  подарок за осми март.

 |  Николоска Биљана  | 
izida spa
изида спа

 

suze izidaВо пресрет на осми март денот на жената, може да подарите ваучер за масажа или пак некој модерен козметички третман. Од  Салонот за убавина Изида Спа велат дека младите веќе ги надминале табуата дека масажите и негата на телото се луксуз и најчесто кај нив се обраќаат за различни изненадувања по некој повод.

„ Во последно време младите прават девојачка вечер на приер наместо да одат во кафеана доаѓаат со гратиси за своите другарки велнес терапии и уживаат цел ден со шампањ што на крај сето тоа го прославуваат. Значи може и друг начин често се купуваат ваучери за пријатели кој што е необичен поклон да поклоните вие велнес терапија за роденден, за годишница, тоа во последно време кога ќе дојдат луѓето кога ќе ја видат другата страна тоа го раскажуваат и го пренесуваат“ – вели Наумоска.

izida spaТаа препорачува различни третмани. Вели дека секој третман има своја мистика, но на охриѓани во овој период од годината ја препорачува велнес и спа терапијата.

„Велнесот и спа доста го користиме за регенерација на нашето тело. Сите знаеме дека работното време е подолго од она што треба сите сме во некое стресно време затоа ни треба хармонизација на енергија, душа, тело и разум сето тоа може да го постигниме со детокс третманите. Потоа терапиите што ги користиме на природна база, значи вино, шампањ, терапии мед и млеко чист мед користиме, кројтермански природни мириси“ – нагласува Наумоска.

Таа вели дека со нивните методи на работа секогаш успеваат телото да го вратат во нормална состојба дури и кај луѓето кои чуствуваат голема напнатост, и тоа само за саат време. Но децидна е дека нивните третмани можат да бидат само превентивни а не и замена за медицинска терапија. Па охриѓани една пред осмомартовска масажа дали, велнес, спа, арома, кристална со полудрагоцени камења или вулкански, веруваме дека добро ќе ви дојде како подарок за осми март на вашите жени, девојки, мајки.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top