Post Views: 1
Конечно бекатонските крпеници на дупките низ локалните улици во Охрид, се заменуваат со асфалт. И покрај укажувањата на експертите дека потоплнивањето на дупките со бекатон е опасно по безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Локалната самоуправа на Охрид речиси цела 2014 и половина од 2015 година ја применуваа оваа пракса. Како што нагласи, портпаролот на секоторот за комунални услуги улици и патишта Љупчо Танески, деновиве ќе биде надминат и тој проблем.
„Со денешната и утрешната акција, најпрво ќе бидат асфалтирани површини што беа покриени со привремени бекатон...
Post Views: 1
На дел од атрактивните и фреквентени локации во Охрид, подолг временски период инсталацијата на електричните столбови секојдневно претставува потенцијална опасност, за населението. Таа не е прописно заштитена бидејќи капаците се оштетени или пак импровизирано изврзани за електричните столбови, а на неколку бандери дури и ги нема. Одговорните од Секторот за комунални дејности улици и сообраќај Љупчо Танески, во неколку наврати кажа дека истите се мета на вандалско однесување од страна на несовесни граѓани. Додаде дека спровеле акција за замена на металните капаци со пластични,...
Post Views: 1
Граѓаните од ранливата категорија на општина Охрид, отворено проговорија за проблемите со кои се соочуваат, пред претставниците на надлежните институции. Станарите на социјалните станови велат дека се среќни што имаат покрив над главата, но секојдневно се соочуваат со низа проблеми.
„Многу сум радосна што сум го добила станот, самохрана мајка сум, 16 години бев под кирија, немам мака, освен да се смени претседателот на зградата и директорот што побрзо мерки да ни го пушти лифтот. Јас сум оперирана, имам дете болни и лифтот ми е потребен бидејќи живеам на 5 ти, а и хигиената...
Post Views: 6
Јавната чистота во Охрид посебно за летната туристичка сезона една од приоритетните активности на ЈП „Охридски Комуналец“. Од минатиот викед градот се полни со гости, а тоа го чуствуваат и екипите на ЈП, кои во овој период собираат поголема количина отпад, вели првиот човек на претпријатието Елена Скрческа.
„Веќе воведовме и трета смена така двете, комплет се исполнуваат возилата и третата ноќна смена го врти целиот град и подига отпад. Со оглед на тоа дека имаме доста високи температури ние почнуваме и со миење на улиците, почнувамје некаде од 23 и до 4 часот изутрина...
Post Views: 1
Во рамки на проектот „Креативна работа во пост-комунистички земји“, денес во Охрид се одржа тркалезна маса. Тука стана збор за истражувањата на искуствата од креативна работа во три сфери, перформативната сфера музичари и театарски работници од една страна, модните дизајнери и шивачките и уметниците со нови технологии. Со претставници од сите сфери уште еднаш стана збор не само за нивните искуства и проблеми и задоволство од работата туку и како тие како уметниците и како работници, се гледаат во иднината, нагласи модераторот доц. Д-р Ана Алачовска, раководител на...
Post Views: 1
Селото Куратица нуди одлични можности за развој на алтернативниот туризам. Одалечено на 22 километри од Охрид во прекрасните предели на подножјето на Мазатар, утре ова село ќе ги пречека сите љубители на велосипедот, посебно планинскиот, кој е полн со предизвици. Претседателот на МЗ Куратица, Горан Ангелоски вели дека како и минатите години и оваа година очекуваат голем одзив од сите заинтересирани велосипедисти и рекреативци кои во текот на утрешниот ден од 10 и 30 до 11 и 30 часот можат да се пријават за учество на државниот натпревар.
„Целта е што поголемо промовирање...
Post Views: 3
Струшките риболовци се поретко ја среќаваат јагулата во водите на реката Црн Дрим. Тие стравуваат дека може да се случи овој вид засекогаш да исчезне, доколку не се изврши порубување со јагула, вели претседателот на концесионерот на „Пастрмка“ Црн Дрим 1, Емил Матоски.
„Имам информација дека последниве 5 години не се врши порибување со јагула, имало некој законски проблем, незнам точно зошто…треба да се обратите на друго место…интересна тема, не можело да се оберзбеди количина за порибување во последниве 5 години. Знаеме дека јагулата сама не може да се...
Post Views: 7
Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, денес во работна посета на подрачната единица на фондот во Охрид. Тие остварија средба со осигурениците и со нивните вработени, со цел како што кажа директорот Стефаноски, дирекно во разговор да ги детектираат евентуалните проблеми и тесни грла во работењето на ФЗО, а во исто време и да ги отстранат, со исклучок на оние проблеми за кои треба системски промени.
„Исклучително важно ни е, еден од нашите стратешки приоритети како менаџмент на Фондот е да направиме се што е...
Post Views: 0
Дел по дел се гради новата современа пешачка патека. Охриѓани и бројните туристи кои во моментов престојуваат во туристичкиот бисер ќе можат да уживаат во новоизградената пешачко-велосипедска патека, која планирано е да се протега од каналот Студенчишта до хотелот Парк, паралелно со езерската линија. Во фази, но според одредена динамика, ќе се гради патеката која има презентативен лик на најдобра пешачка во градов и пошироко, барем според коментарите од јавноста кои досега стигнаа на наша адреса, вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
„Досега се реализирани...
Post Views: 0
Населбата Рача станува предградие на Охрид. Во моментов екипи на „Македонија Пат“, во соработка со ЈП „Нискоградба“ Охрид и „Градски гробишта“ работат на уредување на просторот на раскрсницата на влезот од Рача, како што обелодена директорот на Македонија пат секција Охрид Крсте Ташкоски.
„Моментално правиме подготовка за асфалтирање на раскрсницата на регионалниот пат Охрид-Св Наум, при крај сме, од ЈП ја градат пешачката патека за влез на плажите и ЈП Градски гробишта поставуваат бекатони на островчињата па и кружниот тек се надеваме дека ќе биде готов утре, со тоа...
Post Views: 22
Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, празникот посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител. Ритуалите со билките претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања, вели за телевизија ТВМ, билкарот Чедо Андрески.
„За Иванден претежно се собира Ивано цвеќе, кое се реди меѓу алиштата, кое е корисно против молци. За иванден останато е од нашите предци, кантаријата и цветот на ајдучката...
Post Views: 5
Туристите кои го посетуваат стариот дел на Охрид се соочуваат со проблемот на немањето јавни тоалети. Дека постојат вакви објекти, туристичките водичи не паметат уште од времето на стара Југославија, како што нагласи претседателот на здружението на туристички водичи „Кеј“ Охрид, Климент Наумов. Тој додаде дека со локалната власт по два пати во годината се среќаваат, и на секој состанок го актуелизираат овој проблем, но досега нивните преговори не вродиле со плод.
Ние како туристички водичи ставени сме во вкрстен оган, се наоѓаме на фронтовска линија помеѓу нашите гости...