Охридски Комуналец воведе трета смена

Со зголемениот обем на работа во летната сезона јавното претпријатие комуналец се справува со воведување трета смена. Комуналниот отпад се подига и во ноќните часови. До крај на месецот ги очекуваат и новите возила, кои пак во многу ќе им ја олесни работата на екипите задолжени за одржување на јавната хигиена во градот.

 |  Николоска Биљана  | 

Јавната чистота во Охрид посебно за летната туристичка сезона една од приоритетните активности на ЈП „Охридски Комуналец“. Од минатиот викед градот се полни со гости, а тоа го чуствуваат и екипите на ЈП, кои во овој период собираат поголема количина отпад, вели првиот човек на претпријатието Елена Скрческа.

„Веќе воведовме и трета смена така двете, комплет се исполнуваат возилата и третата ноќна смена го врти целиот град и подига отпад. Со оглед на тоа дека имаме доста високи температури ние почнуваме и со миење на улиците, почнувамје некаде од 23 и до 4 часот изутрина целиот град е освежен со вода“ – вели Скрческа.

Како што информираше Скрческа, до крај на месец јули годинава, ги очекуваат и новите возила кои во многу ќе им ја олеснат работата во одржувањето на јавната хигиена во општината. Инаку директорката за ТВМ обелодена дека успеале да изнајдат решение за проблемот со претовар на сметот кој се вршеше во кругот на Р.Е. Механизација, како и со сметот на Мауцкер.

„Да, знаете дека и нас ни беше проблем претоварот на сметот, наредивме сите возила, да депонираат во Буково. А она што претходно требаше да го направиме беше регионалниот пат Охрид – Ресен да го оспособиме сите возила да можат да одат до горе со сметот, така да веќе немаме проблем со депонирање отпад во кругот на механизација и од понеделникот интензивно го креваме сметот Мауцкер, го носиме Буково“ – објаснува директорката.

Скрческа кажа дека ЈП постојано ги чисти и одржува плажите кои не се издадени под концесија. Таа потврди дека со дел од организаторите кои годинава најавиле концерти во Охрид имаат склучено договор за чистење на теренот после концертите, посебно оние кои ќе се одржуваат во СРЦ „Билјанини Извори“. Додека пак со организаторите кои одржуваат концерти на плажите кои се под концесија, во договор со концесионерот доставуваат фактура за зголемен обем на услуга.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top