И оваа сезона без јавни тоалети во Охрид

Охридските туристички водачи  на фронтовска линија помеѓу клиентите кои ги водат на разглед низ градот и кафанџиите, поради немањето на јавни тоалети на фреквентни места во туристичкиот бисер. Ваков е ставот на здружението на туристички водичи Кеј. Од ова здружение укажаа дека проблемот се провлекува неколку децении, а ниту една гарнитура на локланата власт во Охрид не успеала да се справи со тоа.

 |  Николоска Биљана  | 

Туристите кои го посетуваат стариот дел на Охрид се соочуваат со проблемот на немањето јавни тоалети. Дека постојат вакви објекти, туристичките водичи не паметат уште од времето на стара Југославија, како што нагласи претседателот на  здружението на туристички водичи „Кеј“ Охрид, Климент Наумов. Тој додаде дека со локалната власт по два пати во годината се среќаваат, и на секој состанок го актуелизираат овој проблем, но досега нивните преговори не вродиле со плод.

Ние како туристички водичи ставени сме во вкрстен оган, се наоѓаме на фронтовска линија помеѓу нашите гости кои ги шетаме низ градот и кафанџиите. Знаете многу е непријатно кога треба да замолите за одредена група да го посети тоалетот на одреден ресторан, за жал овој проблем трбс еднаш засекогаш да се реши и да се изградат барем три јавни тоалети, не да се постават времени објекти“ – вели Наумов.

Немањето доволно јавни тоалети, пак, не е оправдување за многумина од граѓаните, кои како јавни вециња го користат и просторот во дел од црквата Св Софија нагласува Наумов. Можеби тоа е причината што после поставувањето ограда околу црквата капиите по 17 часот се заклучени на што реагираат и граѓани и туристички водичи. Наумов проговори и за достапноста за посета на цркавата Св Софија од страна на туристите.

„Еден апел до МПЦ кога станува за вработените во сакралните објекти, конкретно и црквата Св Софија да поведат малку сметка и за работното време. И мене ми се случило да наидам на затворена црква, сепак туак куристиме некои механизми се јавуваме по телефони и се случило да не ја посетиме. Значи како дел до итенерерот програмата на доста туристички агенции би требало Црквите барем овие неколку објекти да бидат орворени барем до 20 часот – нагласува Наумов.

Неколкуте капии и денес беа затворени. Посетителите можеа да влезат само од главниот влез.  Наумов смета дека одговорните од Дебарско- кичевската епархија имале добра причина, односно покрај за заштита на цркавата од несовесните граѓани, исто така  и да не се паркираат возилата во предворјето на црквата кое до пред поставување на оградата важело за локален паркинг. Наумов се надева дека постепено ќе се решаваат сите проблеми на полето на туризмот при тоа потенцирајќи дека локалната успешно се справила со проблемот со нелеглните туристички водичи.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top