Post Views: 2
Храната во земјава е квалитетна и безбедна. Тоа се должи на контролите кои ги прават надлежните институции во однос на безбедноста но и со донесување на Законот за безбедност на храната во 2004 година со кој фирмите и производителите на храната ја согледуваат одговорноста и се грижат за безбедноста на храната. Ова го истакна проф Соња Србиноска од факултетот за земјоделски науки и храна. Од вчера во Охрид се одржува вториот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна.
„Јас мислам дека во Mакедонија имаме воведено некој ред во однос на безбедноста а и фирмите кои што...
Post Views: 1
Во Охрид денес беше презентирано најголемото дело на христијанството. Во Конгресниот центар на УКИМ беше промовирано специјалното издание на досега објавените 38 тома од овој голем проект, „Православна ециклопедија”, дело посветено на православието во светот. Пред нас стои грандиозно, историско дело каде ќе биде поместен актуелниот живот и статус на МПЦ,Охрид и охридската архиепископија, што е од големо значење, како што истакна г.г. Стефан, архиепископот охридски и македонски.
„Набрзо следи томот односно обработката под буквата „М“, а потоа и под буквата „О“, томови...
Post Views: 2
Во организација на Локалната самоуправа, денеска на Самоиловата тврдина во Охрид беше одбележана 1001-годишнината од смртта на Цар Самоил. По тој повод пред учениците од историската секција на охридските основни училишта беше одржан истриски час. Како што истакна проф Коста Лазарески денешниот ден е од посебно значење за Охрид, местотo каде што била една од престолнините на Самоиловата држава. Додаде дека децата имале можност да научат нешто повеќе од она што го пишува во учебниците по историја.
„Цар Самоил е еден од четворицата синови на Никола и тој за разлика од сите...
Post Views: 3
Охрид домаќин на првиот конгрес на здружението на професионални физиотерапевти на РМ. Претседателот на лекарската комора на РМ, проф. Д-р Кочо Чакаларов, истакна дека физиотерапевтите се луѓе без кои физикалната медицина не би можела да биде успешна. Професионалните терапевти немаат докторска титула, но тоа се луѓе кои идејата на докторот по физикална медицина ја реализираат во стварност, било да се работи за мануелна масажа, примена на ултразвук во рехабилитацијата или кога се работи за галвано, термо и франго терапија, нагласува д-р Чакаларов.
„Во последно време нивната...
Post Views: 0
НАТО прави стратегиска грешка со блокирањето на нашата земја, истакна претседателот на РМ Ѓорге Иванов, во своето обраќање пред учесниците на 19 Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на САД – Јадранската повелба (А-5), кој се одржува во Охрид. Според него глобалната закана од насилен екстремизам и странски терористички борци не може да се реши со бирократски процедури туку со менаџирање на заканите. Искуството покажало дека разузнaвањето и специјалните операции се најдоброто оружје во денешното безбедносно окружување, додава Иванов.Претседателот...
Post Views: 5
До нашиот медиум стигна реакција, во која граѓани укажуваат дека во трговскиот центар „Пазар“, на бул. „Туристичка“, во Охрид, ормарчето каде се наоѓаат осигурувачите за струја на целиот комплекс не е заклучено, онака како што налагаат условите за безбедност.
Ова ормарче за струја стои отворено и незаштитено веќе подолг временски период. Со тоа претставува потенцијална опасност за сите посетители на јавниот објект во кој се наоѓа ова разводно ормарче“ -велат граѓаните.
Која е постапката на надлежните од ЕВН да се погрижат со цел да обезбедат сигурност на посетителите...
Post Views: 3
Бротската линија Охрид – Поградец, оваа сезона максимано искористена. Дневната линија која е активна само во текот на туристичката сезона, им нуди можност на домашните и странските гости да се прошетаат по Охридското Езеро, разгледувајќи го од двете страни. Капетанот на Капетанија на пристаништа на РМ, Горан Устијаноски, вели дека оваа линија сезонава поминала без никаков проблем, а во моментов ги очекувале точните податоци за бројки на гости кои се прошетале до Поградец, Албанија.
„Сега ќе ги сумираме резултатите откога ќе истече важноста на решението, односно од...
Post Views: 8
Во Охрид има доволно огревно дрво за оваа грејна сезона. Нема место за паника тврди директорот на Подружницата на Шумското стопанство „Галичица“ Охрид, Наум Будоски.
„Бидејќи имаме постојан проток на дрвната маса како што слегуваат од нашите работилишта, не правиме залиха во шумските складови, бидејќи дрвото директно се испорачува до муштериите. Значи имаме доволно залихи во шумите во моментов по сечено дрво кое тековно го транспортираме, така да немаме никаков проблем да ги снабдиме граѓаните“ – тврди Будоски.
Како што информира Будоски во моментов имале 4000-...
Post Views: 0
80 лица секојдневно по топол оброк влегуваат во „Народната кујна“, во студенскиот дом „Никола Карев“, во Охрид. Овие кујни се од егзистенцијално значење за многу семејства, вели првиот човек на Центарот за социјална работа, Екрем Каљоши. Додава дека бројот на корисници на народната кујна постојано варира, но годинава бележат поголем број барања за користење на оваа помош.
„Во текот на летото имавме една нова динамика односно добрар дел од корисниците кои ги добиваа услугите се откажаа од храната, истовремено имаме и нови барања, така да во моментов ние имаме донесено...
Post Views: 0
Екипи на Црвениот крст од Охрид составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери, денес на градскиот плоштад ги презентира најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Сите посетители имаа можност да ги пробаат техниките и вештини на специјалните помагала кои ги има на располагање Црвениот Крст, но и дознаат како да укажат прва помош во услови кога тоа е потребно, вели, Младен Божиноски од оваа хуманитарна организација
„Во текот на цела година, работиме со сите училишта посебно по предметот „Вештини на живеење“, во форамлното образование, се обрнува...
Post Views: 1
Во Македонија престојува експертот за туризам Дејвид Хофман. Неговата мисија во земјава е да собира материјал за изработка на видеа и репортажи, кои ќе бидат наменети за промоција на нашата земја како туристичка дестинација. Продуцентската екипа од САД денес е во Охрид, каде собира материјал за едно од неколкуте документарци, односно за Охридското Езеро, што како природна реткост треба да се посети.
„Ова што го работам е снимање и изработка на видеа за најразлични туристички дестинации во светот. Македонија е 64 татат земја која ја имам посетено во мојот живот. Во основа...
Post Views: 3
Во ОУ „Св Климент Охридски, во присуство на деца, родители и граѓани на Охрид традиционално беше одбележан меѓународниот ден на таткото. И оваа година во соработка со Женски Центар „Бисера“ од Охрид, а под покровителство на Локалната самоуправа на Охрид, успеавме да ги изненадиме малдите сликари и литературни творци од сите ОУ во градов, кои зедоа учество на конкурскот , вели Наде Мартиноска, претседателот на „Бисера“.
„Женски Центар Бисера ја организира оваа манифестација со вклучувања на сите основни училишта на општина Охрид. Она што го видовме вечерва мислам дека...