Одбележан светскиот ден на Прва помош во Охрид

По повод Светскиот ден на првата помош, 12-ти септември, општинската организација Црвен крст, денес на плоштадот „Св Климент Охридски“, со низа активности. Се спроведе Крводарителска акција, се вршеа превентивни прегледи од мозочен удар а граѓаните проследија и презентација на укажување прва помош.

 |  Николоска Биљана  | 

Екипи на Црвениот крст од Охрид составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери, денес на градскиот плоштад ги презентира најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Сите  посетители имаа можност да ги пробаат техниките и вештини на специјалните помагала кои  ги има на располагање Црвениот Крст, но и дознаат  како да укажат прва помош во услови кога тоа е потребно, вели, Младен Божиноски од оваа хуманитарна организација

„Во текот на цела година, работиме со сите училишта посебно по предметот „Вештини на живеење“, во форамлното образование, се обрнува големо внимание на делот на првата помош како една вештина за живеење. Многу е битно младите да знаат како прво себеси да си помогнат во невоља па потоа да помогнат на некој друг. Пример треба да знаеме како да запреме крварење или како да третираме една скршеница која може да се случи на секое место“– вели Божиновски.

Првата помош треба навремено да биде укажана правилно и одговорно, а волонтерите на охридскиот црвен крст тоа добро го прават вели д-р Катерина Ракита, анестезиолог од Србија.

„Она што посебно ме изненади и воодушеви е тоа што вашите волонтери ги пратат најновите ставови и протоколи за реанимација. Некои наши студенти по медицина не се надградени, но овде туку што видов редослед на случувањата во реанимација и ги знаат посебните ставови од Америка, Европа значи стандардите се усвоени, секоја чест“ – изјави д-р Ракита.

Крводарителската акција која се одвиваше во просториите на ЦК „Григор Прличев“, со очекувани бројки вели Анета Јовановска.

„Во предвидениот календар на крводарителски акции е денешната акција таа се поклопува со активностите по повод Светскиот ден на првата помош. Досега имаме 15 крводарувања што значи дека сме тука околу предвидената бројка за денеска“– рече Јовановска.

Инаку крвадарителската акција е во рамките на  активностите на Црвениот Крст за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, која се реализира секоја година во соработка со општина Охрид под мотото „ОХРИД СПАСУВА ЖИВОТИ”. Исто така во соработка со здружението „Мозочен удар“ на охридскиот плоштад беше поставен и пункт на кој се вршеа бесплатни превентивни прегледи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top