Автор: Јаковлева Лионела

trotoari

Охрид, град на раскопани тротоари

Post Views: 6 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сете стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Миле Кипариз, наш сограѓанин кажува дека веќе 16 години живее во овој дел од градот и ништо не е изменето освен што се ставил асвалт на детското игралиште близу до стамбените згради. На тротоарите пак не...

Continue reading

plaosnik

Започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник

Post Views: 8 За една недела започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник. По двегодишно тапкање во место, работотеконечно ќе мрднат од мртва точка. Новиот изведувач охридската фирма Митан Пром ќе треба да го реализира проектот онака како што беше замислен. Проектот „Плаошник“ предвидува околу 23 објекти во кои ќе бидат сместени конзерваторска школа, универзитети, музеј со археолошки наоди, библиотека со околу 100.000 наслови, а се предвидува тука да биде седиштето на галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, монашки простор наменет за свештени лица,...

Continue reading

ohrid

Изградбата на катната гаража не се коси со Законот за Охрид

Post Views: 5   Нема пречки за изградба на катна гаража на паркинг просторот кај градскиот пазар. Нејзиното подигнување не се коси со Законот за Охрид, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа објаснува дека Деталниот урбанистички план за овој опфат е донесен пред стапувањето на сила на овој закон и за тој план Завод и музеј има изработено конзерваторски основи. Паскали Бунташеска  вели дека многу градби кои веќе се направени во заштитената зона во старото градско јадро се косат со Законот за Охрид. Тој не дозволува никакви поткровја и галерии, а со постоечкиот...

Continue reading

penzioneri

Успехот на пензионерите, успех на градот

Post Views: 0 Пензионерите уште еднаш докажаа дека и третата доба од животот на еден човек може да биде многу убава, исполнета со голем број активности кои дават посебна смисла на живеењето, рече Градоначалникот Александар Петрески на денешниот прием на екипата на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца,  која постигна огромен успех на Спортска пензионерска олимпијада во Скопје. Петрески подвлече дека пензионерите се тие кои го граделе нашето минато, а ние треба да им овозможиме убава иднина. Градоначалникот вети дека ќе им помогне во решавањето на нивните проблеми. Тој денеска...

Continue reading

tanja paskali

Пукнатината на ѕидот на Долни сарај се повеќе се шири

Post Views: 0 Пукнатината на ѕидот на Долни сарај кој се наоѓа према езерото се повеќе се шири. Со тоа секојдневно се зголемува опасноста од одрони врз куќите на граѓаните од овој дел од градот како и врз случајните минувачи кои шетат по Мостот на желбите. Реакциите на охриѓани стигнаа и до нашата редакција. Апелираат надлежните што поскоро да превземат нешто. Од Завод и музеј велат дека проблемот им е добро познат. Нивни екипи уште пред неколку години направиле увид и констатирале дека има оштетување на ѕидот од камен па затоа вклучиле статичар и изработиле проект кој има добиено...

Continue reading

ulica

Се гради, се асфалтира, се поправа

Post Views: 11 70 километри асвалтна мрежа, 40 километри канализациона мрежа, 15 километри водоводна мрежа како и голем број поплочени тротоари, се податоците со кои се пофали Локалната кога станува збор за инфраструктурните зафати кои ги прави низ градов. Граѓаните се сведоци дека во последно време многу интензивно се работи па и оние улици и населби кои години наназад немаа канализациона и водоводна мрежа, ниту пак асвалт, а граѓаните живееа како во 19-ти век, сега влегоа во 21ви. Но, дел од нив се прашуваат дали тоа е затоа што се ближат избори и се потребни гласови.Од секторот...

Continue reading

merenje pritisok

Денес е светски ден на срцето кој е посветен на децата

Post Views: 7 Заборавете на брзата храна, чипсот, слатките задоволства, а сетете се на подзаборавениот зеленчук и овошје ако сакате да имате здраво срце. Секако тука е и физичката активност барем половина час дневно како и намалувањето на стресот. Овие се препораките на докторите за да се заштитиме од кардиоваскуларните заболувања. Но и покрај укажувањата на лекарите и натаму расте стапката на смртност од кардиоваскуларни болести. Лани 60% од сите смртни случаи во државава се препишуваат на сметка на овој вид на заболувања, што е за 3 проценти повеќе во споредба со 2007-ма. И во Охрид...

Continue reading

sednica

Доцнеше почетокот, но брзо дојде крајот

Post Views: 1 Педесет и втората седница на советот на општина Охрид според својот дневен ред набилдан со 39 точки, многу ветуваше, но малку понуди. Новинарите, а и јавноста очекуваа да дознаат дали  ќе се одлучи конечно да отпочне постапката за изградба на  долгоочекуваната катна гаража или не, но до оваа точка советниците не стигнаа. Десетина точки кои беа најинтересни меѓу кои и договор за Јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража како и договорот за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во општина Охрид не дочекаа по нив да се дискутира бидејќи...

Continue reading

cistenje

Сцената зад света Софија која наликуваше на онаа од приказната со заспаната убавица, веќе ја нема

Post Views: 5   Се подготвува ново пријатно катче за охриѓани и гостите. ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работи на расчистување на просторот позади црквата Св. Софија. Овој дел од градот кој со години беше обраснат со бршлен и грмушки сега ќе биде добро уреден парк со осмислени содржини. Ќе има клупи каде ќе се одмараат намерниците, рефлектори и канделабри за осветлување на просторот во кој ќе има патеки од трева и декоративни грмушки кои ќе се наводнуваат со прскалки. Ова место ќе биде собиралиште и на децата. Во моментов во паркот се поставуваат инсталациите за струја и вода....

Continue reading

most

Уште едно собиралиште на наркозависници

Post Views: 15   Во градов се појави ново собиралиште на наркозависници и други извршители на малолетничка деликвенција. Откога пред две години беа срушени неколку стари куќи кои се наоѓаа во близина на училиштето Христо Узунов, а беа собиралиште на наркозависници, сега тоа се прави на нова локација, тврдат мештаните од овој дел на градот. Тие објаснуваат дека собиралиште на наркомани, а и на проститутки е надвозникот на улицата Питу Гули. Од Свр Охрид велат дека досега кај нив не е пријавен ваков случај. Тие потврдуваат дека во овој дел од градот пред две-три години имало неколку...

Continue reading

deca

Младината се едуцира како да препознае и да пријави семејно насилство

Post Views: 5 Подобро да се спречи отколку да се лечи. Младината се едуцира како да препознае и како да пријави семејно насилство. Средношколците од економското училиште денес од преставници на невладиниот сектор и од преставници на СВР Охрид слушнаа како да се однесуваат доколку се сведоци на семејно насилство. Тие велат дека делумно знаат, но никогаш не  ена одмет да се дознае нешто повеќе. Податоците со кои располага СВР покажуваат дека се повеќе се зголемува бројот на лицата кои пријавуваат семејно насилство. Од таму велат- не дека во минатото семејно насилство имаше помалку туку...

Continue reading

gimnazija

Наместо напролет гимназијалците ќе одат на екскурзија есенва

Post Views: 1   Гимназијата Св. „Климент Охридски“ од уваа учебна година воведува нова пракса. На екскурзија ќе се оди во есенскиот период и тоа со ученици од втора година. Оваа одлука била донесена поради повеќе причини, објаснува директорот Наум Рилковски. Тој вели дека почетокот на учебната година е избран како најпогоден период за патување поради можното екстерно тестирање кое можеби ќе се спроведе напролет. Учениците од втора година се и многу подисциплинирани, вели Рилкоски, а од трета година се делат класовите по струки па не е иста нивната структура, додава тој. Маршутата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top