Наместо напролет гимназијалците ќе одат на екскурзија есенва

Наместо напролет гимназијалците ќе одат на екскурзија есенва. Оваа одлука е донесена поради повеќе причини. Гимназијата е подготвена за реализација на ова патување.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gimnazija
гимназија

 

Гимназијата Св. „Климент Охридски“ од уваа учебна година воведува нова пракса. На екскурзија ќе се оди во есенскиот период и тоа со ученици од втора година. Оваа одлука била донесена поради повеќе причини, објаснува директорот Наум Рилковски. Тој вели дека почетокот на учебната година е избран како најпогоден период за патување поради можното екстерно тестирање кое можеби ќе се спроведе напролет. Учениците од втора година се и многу подисциплинирани, вели Рилкоски, а од трета година се делат класовите по струки па не е иста нивната структура, додава тој. Маршутата и ова година останува иста. Учениците ќе посетат четири европски градови и тоа Будимпешта, Прага, Карлови вари и Виена со три ноќевања. Цената за ова патување изнесува 15000 ден, а и оваа година ќе се патува со туристичката агенција Вис Пој.gimnazija

Рилковски објаснува дека изборот на агенцијата го направила посебна комисија составена од тројца родители, членови на советот на родители и тројца наставници. Процедурата за избор на агенција започнала на крајот на мај и завршила до крајот на минатата школска година. Целта била родителите да имаат повеќе време за плаќање на сумата за екскурзијата и тоа на повеќе рати. Директорот тврди дека биле запазени сите рокови како за доставување на понудите така и роковите за жалби. Барања за реализација на екскурзијата гимназијата поднела до 13 агенции од градов, а се пријавиле само пет и тоа Компас травел, Пилот травел, Болојани, Генерал турист и Вис Пој. Последната агенција ги исполнила сите услови поставени од комисијата, а нејзината понуда била само за 1200 ден. поскапа од најниската.

Учениците од гимназијата Св. Климент Охридски ќе одат на екскурзија на 8-ми октомври. На ова патување ќе заминат околу 300 ученици што е 90 % од бројот на учениците  во втора година. Рилкоски вели дека ваквите екскурзии се за поздравување бидејќи се спој на убавото и корисното. Децата се враќаат со многу импресии, но и нови знаења за местата кои ги посетуваат.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top