Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје за 2021 година.
Наскоро ќе има задолжителни лиценци за земјоделците пазарџии. Покрај оваа новина на зелените пазари ќе мора да се плаќа одредена тарифа за здравствено и пензиско осигурување. Во тек се измени во Законот за трговија на зелените пазари.Во охридскиот пазар во моментов има закупено околу 170 тезги.
Централната зграда на ОУ Братство Единство подготвена да ги прими учениците во учебната 2018 /2019. Изградбата на новата зграда ќе почне во второто полугодие. Покрај централната зграда се подготвува и објектот во Лескајца на коj се потребни замена на кровот и изведување на дренажен систем.
На барање на производителот Bristol – Myers SQUIBB, Аген, Франција, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) одобри повлекување на лекот EFFERALGAN орален раствор 30mg/ml со сериски броеви: Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180.
Со реакција до ТВМ се обратија сопствениците на градежното земјиште за кое вчера група граѓани одржаа протест против изградба на висококатница. Тие тврдат дека членот на куќниот совет кој не е нивен непосреден сосед ги манипулира граѓаните и во јавност изнесе лаги , манипулации и тешки обвинувања против нив. Општинските и државните органи си ја работат работата, државата и правниот систем профункционираа и заврши времето на „Бате јави се“, вели еден од сопствениците на градежното земјиште.
Финска ќе биде прва држава која на жителите ќе им уплаќа минимален основен доход?
Над педесетина станари од комплекс згради на Булевар Туристичка протестираа против одобрението за градба на висококатници во зелниот појас пред нивните станови. Револтирани велат дека незаконски ќе се гради на земјиште кое во минатото им било платено на сопствениците. Кажуваат дека неколку години водат судски спорови со кој го побивале одобрението за градба, а воделе и постапки и за ништовност на решението за трансформација на земјиштето од 2003.
Светската банка регистирала близу 5 милиони емигранти во европските земји од југоисточна Европа.
Богатите македонски фолклорни мотиви, како дел од културата на нашето поднебје, изразени во уметноста и вештината на изработувањето на предмети со стилизирани елементи и оригинална вредност претставуваат несомнен одраз на промоцијата на културата на нашиот град.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град