Отворен базар на ракотворби на Сараиште

Богатите македонски фолклорни мотиви, како дел од културата на нашето поднебје, изразени во уметноста и вештината на изработувањето на предмети со стилизирани елементи и оригинална вредност претставуваат несомнен одраз на промоцијата на културата на нашиот град.

 |   | 

Охрид со своето богато историски, културно и духовно наследство изобилува со мотиви за творби со автентична вредност, создадени од нашите креативни кои преку нив го оживуваат минатото. За прв пат во Охрид на иницијатива на НУ „Завод и Музеј“, од 27 август, на „Сараиште“ се одржува „Базар на Охридски ракотворби“.

Општина Охрид како покровител на базарот има за цел промоција на занаетчиството како значаен економски фактор во развојот и зачувувањето на традиционалните вредност.
Базарот, подеднакво го привлекува вниманието на домашното население и на туристите, и несомнено ќе биде значајно збогатување на културната понуда на градот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top