Градоначалкникот на Охрид, Јован Стојаноски и амбасадорката на Австрија во Р. Македонија, Ренате Коблер синоќа во Охрид имаа протоколарна средба со претставници од Министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на ниво на Директори за ЕУ и Западен Балкан.
Собранието на Македонија синоќа ја избра новата преодна влада на чело со Емил Димитриев до вонредните парламентарни избори на 24 април.
15 годишното девојче се бори со тешка болест и потребна е трансплантација на коскена срж. Семејството не е во можност да ја покрие високата цена на операцијата. Но затоа , Охрид може уште еднаш да ја покаже својата хуманост.
“Мета на екстремистите се спортски настани, културни манифестации, отворени пазари или воздухоплови.”
Триесетина нови примероци на срни и елени ќе ја красат планината Галичица. Станува збор за проект за формирање на репродукциски центар за елени. Националниот парк ќе биде збогатен со овие диви животни од најпознатиот светски репродуктивен центар од Унгарија
Малопродажните цени на бензините и на дизелот поскапуваат ноќеска на полноќ за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на горивата.
Љубителите на уметноста и етнолошките богатства ќе имаат можност во наредните три месеци да уживаат во културното наследство кое ни го оставиле вредните раце на охриѓанки.
Синоќа на регионалниот пат Струга-Дебар, во сообраќајна несреќа животот го загуби 24 годишната Елвира. Ш од Струга.
Денес во Охрид се одржа презентација на резултатите од проектот со наслов „Фауна на полжавите (Gastropoda) од Охридско Езеро“ финансиран од Општина Охрид, а реализиран од Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град