Еленот се враќа на Галичица

 Триесетина нови примероци на срни и елени ќе ја красат планината Галичица. Станува збор за проект за формирање на репродукциски  центар за елени.  Националниот парк ќе биде збогатен со овие диви животни  од најпознатиот светски репродуктивен центар од Унгарија

 |  Валентина Неловска  | 

24 срни и 6 елени наскоро ќе бидат донесени на терените во Националниот парк Галичица. Триесетината нови примероци на срни и елени ќе бидат украс на планината и атракција за посетителите, а ќе и помогнат и на природата во паркот , да се зачуваат пасиштата во високите делови на планаината. Станува збор за проект за формирање на репродукциски центар за елени , инфромира Андон Бојаџи дир на ЈУ НП Галичица.

Проектот почна да се спроведува пред еден месец. Во 2018 година ќе се направат подготовки за формирање на репроцентарот и изградбата на неговите пропратни делови.  Во 2019 се очекува елените да бидат донесени. Таква е нивната биологија бидејќи услов од репродуктивниот центар од Унгарија ќе биде донесените женки да бидат оплодени“, вели Бојаџи.

За проектот со кој ќе се формира репродукцискиот центар за елени на Гaличица се обезбедени околу 400.000 илјади американски долари , пари од UNDP. Срни и поединечни примероци на елени во паркот има од реинтродукцијата од формирање на ловиштето „Преспатекс“, напоменува Бојаџи.

„ Обичниот елен во минатото бил присутен, природно застапен на овие предели и на планината Галичица. Сега само го враќаме назад. Се надеваме дека ќе обезбедиме стабилна популација на елен и доволно голема за ги користи пасиштата и да ни помогне делот од високите планински пасишта да ги зачуваме“, кажува Бојаџи.

Во Националниот парк Галичица фауната ќе биде збогатена со овие диви шумски животни од најпознатиот светски репродуктивен центар од Унгарија. Увезените срни и елени ќе ги поседуваат сите сертификати и дозволи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top