ЈП Комуналец ја доставило Програмата за работа до општината и до Агенцијата за храна и ветеринарство. Првите заловувања на бездомните кучиња се очекуваат по изборот на ветеринар кој ќе се грижи за нив.
Од идниот месец вработените во администрацијата ќе добијат повисоки плати за 4%. Зголемениот личен доход за октомври тие ќе го примат на стартот од ноември.
Подарени Новогодишни пакетчиња на децата од специјалните паралелки од ОУ Св. Климент Охридски. ЈП Билјанини извори обезбеди стотина Новогодишни пакетчиња во хумани цели. Подароци ќе бидат поделени и на децата згрижени во детскиот центар Добротољубие во црквата Св Ѓорѓија и Зраци во ОУ Братство Единство.
Советот на општина Струга за утре, 13 март ја свика 12- есетта седница.
По смената на директорот Андон Бојаџи од НП Галичица се огласија десетина невладини здруженија од земјава. Координативното тело за соработка со институциите кои имаат надлежности во секторот животна средина и клима испрати реакција до медиумите каде што порачуваат потребни се стручни кадри за управување со заштитените подрачја.
Седуммината ракометари, кои се обвинети за лажирање на натпреварот во францускиот шампионат помеѓу Монпеље и Рен, добија забрана за настап на шест натпревари, меѓу нив се наоѓа и еден од најдобрите играчи на светот Никола Карабатиќ.
Денеска на 66 годишна возраст почина пејачот и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, објавија хрватските медиуми. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна на „Парни Ваљак“ на социјалните мрежи.
Јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на уредување на тротоарските површини и атмосферска канализација на кружниот тек на Бул. „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“.
Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град