Членките на ЖЦ Бисера и оваа година за време на Божиќните празници ги посетија старите лица во Геријатриското одделение при градската болница Охрид.
Во пресрет на претстојниот 9-ти Октомври – LIONS Светски ден на видот, во организација на Lions клубот од Битола ќе се одржи промоција на првата аудио книга снимена на Македонски и Англиски јазик.
Заради најавените минусни температури во наредните денови апелираме и ги потсетуваме граѓаните на општина Охрид, куќните совети и сопствениците на деловните објекти за законската обврска која ја имаат за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални, станбени и деловни објекти.
Четвртоодделенците од ОУ. „Браќа Миладиновци“ беа во посета на Советот на општина Струга. Целта на посетата беше воведување на учениците во општествениот и социјалниот живот како и градење на здрава единка за во иднина, велат наставниците кои ги предводеа учениците.
Петта година по ред, општина Охрид избира најубаво украсен двор или балкон по претходно распишан конкурс. Секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски, денес, ги врачи признанијата и наградите на трите најубаво украсени дворови.
Денес, во фудбалската Лига на шампиони, ќе се одиграат две нови средби од осмина финалето – Реал, во Мадрид, ќе го пречека Манчестер Јунајтед, додека Шахтјор за противник ќе ја има Борусија Дортмунд.
Врз основа на Одлуката за збратимување на Охрид и полскиот град Огроџењец која беше донесена од страна на Советот на Општина Охрид, градоначалникот Константин Георгиески и градоначалничката на Огроџењец, Ана Пиларцук вчеравечер на пригоден настан, потпишаа Договор за партнерска соработка.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со приватниот сектор традиционално учествува на интернационалниот саем за туризам во Утрехт. Делегација на Агенцијата за туризам за време на саемот во Утрехт, одржа бројни состаноци со цел унапредување на веќе етаблирана соработка со големите тур-оператори, но и со бројни помали кои имаат идеа да носат индивидуални патувачки или помали групи на одмор во Македонија.
Рецензираната вест е објавена на порталот „Инфомагазин“ со наслов: Што се случува со ДУИ, внукот кандидат за пратеник, а чичкото кандидат за премиер!
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град