Советниците денес ги усвоија извештаите за 2018 од работењето на општината, реализираните развојни програми на Локалната самоуправа, годишниот извештај за завршната сметка на буџетот како и годишните извештаи за работењето на јавните претпријатија. Советниците од опозицијата за поголемиот дел од извештаите гласаа против, упатија забелешки во финансиското работење на претпријатијата. Градоначaлникот дециден дека бројките во финансиските извештаи покажуваат нивно позитивно работење.
ПС Струга поднесе кривична пријава против П.Д.(37) од с. Радолишта, струшко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.
16 и 30 март ќе бидат работни денови за основните и средните училишта во Македонија.
Германскиот велосипедист, освојувач на Тур д Франс Јан Улрих, на својата блог-страница на „Еуроспорт“ напиша дека и тој имал улога „во она кое што му се случило на велосипедизмот“.
Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една иста работа. А со оглед дека симптомите за сите овие три заболувања се слични, тестирањето и натаму е најдобрата опција за да се утврди од што е некој заразен. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Значи, нее можно на ПЦР панел за детекција на коронавирусот, да биде детектирана инфлуенца или обратно – со тестови за детекција на инфлуенца да биде детектиран коронавирус.
На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во понеделник 18 март, ќе биде промовирана директната авиолинија Охрид – Малме, како и новиот директен лет Охрид – Милано со кои ќе оперира авиокомпанијата „Виз ер“.
Тие добија и ознака црвен полжав на „Slow food International“. Нивна задача е да исполнат стандарди со кои ќе ја подобрат понудата на мениатa и локалниот економски развој со користење продукти произведени во микрорегионот.
Пролетниот дел на училишните спортски лиги за основни и средни училишта започнува во петок. Спортските лиги ќе започнат со натпреварите во футсал, кои ќе се играат во балон салата „Климент Колески“ од 09 до 12 часот.
Поради високиот број на пожари во првото тримесечие од тековната година, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и 4 интервенции на опожарени сообраќајни средства.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град