Кривична пријава за осомничениот за грабежот на струшката златара „Циркон“

ПС Струга поднесе кривична пријава против П.Д.(37) од с. Радолишта, струшко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

 |  Голабовски Крсте  | 
ograbena zlatara
ограбена златара

policiska stanicaПС Струга поднесе кривична пријава против П.Д.(37) од с. Радолишта, струшко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

Имено, на 30.04.2014 година, пријавениот заедно со уште четири засега непознати лица кои се опфатени со пријавата, во златара „Циркон“ во Струга извршиле разбојништо при што одзеле поголема количина разновиден златен накит, според кажување на сопственикот во вредност од околу 420.000 евра.

Разбојништвото го сториле на начин што со употреба на сила и закана со огнено оружје непосредно нападнале врз животот и телото на три лица сите од Струга вработени во златарата.

zlataraНеколку дена пред извршувањето на делото П.Д. од лице од Радолишта купил патничко моторно возило марка „Ауди-100“ без регистарски таблици при што побарал да бидат извршени неколку измени-сечење кај задното седиште, отстранување на плочката и бројките од шасијата, отстранување на каишите за врзување, затемнување со црн спреј на стаклата од автомобилот како и ставање на лажни регистарски таблици.

Возилото е пронајдено по извршувањето на кривичното дело во близина на македонско-албанската граница.

Основен суд Струга на П.Д. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Пријавениот во евиденцијата на МВР минува за сторени слични кривични дела за кои му се поднесувани кривични пријави.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top