Мај 5, 2019

Во вториот круг во Охрид до 17 часот одѕивот 47%

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Охрид во вториот круг до 17 часот одѕивот бил 47%.


Мар 21, 2015

Природното и културно наследство на регионот на Охридското Езеро ќе се става под интегрирана заштита

Ова е крајната цел на проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наслество на регионот на Охридското Езеро.


Мај 3, 2019

Донев: Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ

На 5 мај Охрид и охриѓани имаат можност конечно да стават крај на политиките на СДСМ и Константин Георгиески кои скоро две години ги лажат и манипулираат. Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ.  Охрид е создаден за градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на охриѓани, кажа на прес конференција, претседателот на ок на ВМРО ДПМНЕ , Сашо Донев.


Сеп 5, 2014

Малолетничкото престапништво во пораст

Детекција на состојбата во Струга околу малолетничкото престапништво. Струшките пратеници немаат увид за состојбата во општината на ова поле бидејќи немаат никаква информација од Локланата самоуправа. Информации добивале од невладиниот сектор, полицијата и делумно од ЦСР а потребна била соработка од сите институции со цел да се превенира оваа појава, која на ниво на државата е во значителен пораст дури за 19%.


Мај 3, 2019

Во недела масовно да излеземе да гласаме за борјот 3 и 7 и да обезбедиме сигурна и стабилна иднина , порачаа социјалдемократите од Охрид

Социјалдемократите, предводени од лидерот Зоран Заев, од трибината во Охрид  повикаа време е да го поразиме груевизмот и на претседателско ниво, за никогаш повеќе да не ни се повтори режим.


Мај 7, 2013

Паднаа првите казни на Светското првенство во хокеј

Норвешката хокеарка репрезентација ќе биде без услугите на Оле Кристиан Толефсен и Мариус Холтет на дуелот со Канада, откако и двајцата заработија казни од дисциплиснката комисија на овој Светски шампионат.


Дек 22, 2021

Во Грција се преврти чамец со мигранти

Од доцна синоќа во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во морскиот дел јужно од островот Фолегандрос, откако се превртел чамец со странски државјани, веројатно мигранти, спасени се 12 лица, а непознат е бројот на исчезнати, јави дописничката на МИА од Атина.


Мај 3, 2019

Милошевски: Мојата душа и моето срце живеат за поубаво утре, за убав Охрид

Заедно, сплотени да ја градиме иднината за убав Охрид преку проекти и дела, им порача на граѓаните на завршниот прес кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.  Во мојот живот сум покажал дека можам и умеам да создавам и правам добри дела. Сега заедно да го направиме Охрид поубав, рече Милошевски. Ги повика сите разочарани граѓани, неопределени гласачи, чесни граѓани од сите политички партии и етнички заедници, масовно да излезат на гласање и да го поддржат концептот за Убав Охрид.


Окт 5, 2021

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на ФТУ

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на Факултетот за туризам и угостителство за учебната 2021/2022 година. Свечениот час го отвори Претседателот на студентското собрание на ФТУ – Игор Пешевски кој им посака топло добредојде на новите колеги. Свое обраќање имаа и Продеканот Проф. Д-р Александар Трајков, деканот Проф. Д-р Цветко Андреески и ректорот на УКЛО Проф. Д-р Сашо Коруновски, како и претставник од СН Осигурителен Брокер АД Битола и директорот на студентскиот дом „Никола Карев“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top