Високите температури погодни за размножување на бактериите. Летниот приод е време кога многу често може да се заработи труење со храна, па затоа треба многу да се внимава од каде и што се купува. Во Охрид засега состојбата е стабилна. Нема забележан случај на труење со храна, велат од центарот за јавно здравје.
Сите заинтересирани граѓани од денеска ќе можат по електронски пат да ја проверуваат состојбата на податоците за уплатен стаж.
За нив е вистинско откритие во срцето на Европа да пронајдат убава и интересна дестинација. Воспоставените авионски линии од повеќе делови на Европа придонесуваат Охрид и брегот да стануваат се попривлечни за повеќе европски гости.
Тие го изразија своето незадоволство, од како што велат начинот на кој струшката локална самоуправа се справува со проблемите кои настанаа поради снежното невреме кое го зафати целиот југозападен регион.
Колегите се навратија на неговата висока новинарска етика и професионалност, неговите пасии рибарењето и сликањето. Во овие турбулентни времиња , кажаа дека ќе се обидат да го следат неговиот професионализам и да го сочуваат чист својот двор и образ.
После речиси три децениска пауза, се враќа квалитетната клубска кошарка, со меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013“.
Реагираат дека занаетчиството е занемарено и не е ставено на вистинското место во измените на Законот за работни односи. Комората на занаетчиите ќе бара ново усогласување на законите со сите дејности.
Познатиот виолинист Стефан Миленковиќ денес во рамките на „Охридско лето“ ќе одржи концерт во „Света Софија“ заедно со неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ. Тој е среќен што е повторно во Охрид за кој го врзуваат спомени уште од детските денови. Стефан Миленковиќ во Србија ги носи титулите за Уметник на векот, Најхумана личност, Личност на годината и е еден од најпознатите уметници кој гради кариера на сцените во светот.
Кривична пријава за 45-годишен охриѓанец кој на булеварот „Туристичка“ се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град