Со финансиска поддршка од буџетот на општина Охрид во Универзитетот за доживотно учење Кузман Шапкарев ќе се организира бесплатно дооформување на основно образование на возрасни граѓани од Охрид.
Крвавиот биланс на 9-дневната офанзива на Израел врз цели во Појасот Газа надмина 500 загинати Палестинци од кои една четвртина се цивили, се вели во податоци на ОН.
Градежниот институт Македонија (ГИМ) ќе го врши препроектирањето и допроектирањето на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за автопатот Кичево – Охрид.
Откривањето на тајните на магијата и илузијата во Скопје продолжува, а веќе застапената еуфорија кај сите дечиња, семејства и граѓани од сите возрасти во сабота ќе ја доживее своја кулминација.
Специјалниот пратеник за Блискиот Исток Роберт Сери изјави синоќа дека ОН се загрижени од можна копнена инвазија во појасот Газа, што само би го влошило судирот во кој стотици луѓе веќе ги загубија животите.
На пригодна свеченост која се одржа вчеравечер во ОУ „Христо Узунов” беа доделени сертификатите на учесниците на бесплатните курсеви по руски јазик што ги организира Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” од Скопје.
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтерова скала го погоди Еквадор, соопшти американскиот Геофизички институт. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Романската компанија за пренос на природен гас „Трансгаз“ објави синоќа дека добива една третина од договореното количество руски природен гас преку украинскиот гасовод.
Основните училишта во градов немаат обезбедување. Овие образовни установи многу често се цел на хулигански испади, разбојништва и тепачки. Директорите на сите училишта се едногласни дека неопходно им е 24 часовно физичко обезбедување и тоа во текот на целата година. Локалната им ветила чуварски служби, но ништо од тоа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град