Бесплатно дооформување на основно образование на возрасни граѓани од Охрид

Со финансиска поддршка од буџетот на општина Охрид во Универзитетот за доживотно учење Кузман Шапкарев ќе се организира бесплатно дооформување на основно образование на возрасни граѓани од Охрид.

 |   | 

Со финансиска поддршка од буџетот на општина Охрид во Универзитетот за доживотно учење Кузман Шапкарев ќе се организира бесплатно дооформување на основно образование на возрасни граѓани од Охрид.

Предност имаат членови од социјално загроземи семејства, самохрани родители, деца без родители и невработени лица, при што треба да се достави следната документација:

– копија од лична карта како доказ за жителство на Охрид
– сведителство за последно завршино одделение за оние кои имаат посетувано настава
– пријавување на лица со навршени 16 години и работоспособни граѓани ( доказ извод на родени)

Покрај тоа , во ОЈУ Кузман Шапкарев со финансиска поддршка на општината ќе се организира и бесплано посетување стручни курсеви. Предност ќе имаат лица од социјално загрозени семејства и тоа за фризери, козметичари, дактилографија на компјутер и сметководство на компјутер. Исто така ќе се организираат и курсеви по германски, англиски јазик и информатика. Граѓаните заинтересирани за овие курсеви треба да приложат документ за завршено образование и доказ за жителство на Охрид.

Пријавувањето трае до 08.10.2019 год, од 10 до 14 часот во просториите на ОЈУ Кузман Шапкарев на Бул Туристичка, бр 79, Охрид.

Бројот на лица кои ќе можат да посетуваат курсеви е ограничен а едно лице може да посетува или само дооформување на основно образование или еден од курсевите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top