Учебната година денес започна за речиси 270.000 основци и средношколци, од кои 20.212 се првачиња. Во средните училишта настава ќе посетуваат околу 81.000 ученици.
Израелската армија соопшти дека од денеска по три часа дневно нападите врз Појасот Газа.
Нападите ќе бидат прекинати од 13 до 16 часот по локално време со цел да се формира коридор по кој ќе се доставува неопходната помош за населението.
Младите охриѓани од основните и средните училишта испратија порака за соживот, толеранција и разбирање. Годинава младите од Црвен крст во рамки на програмата за хумани вредности реализирале 8 проекти со што помогнале на голем број наши сограѓани. 35 активисти од Програмата ПХВ добија благодарници.
Над 70.000 ирански студенти се пријавиле како доброволци за извршување на самоубиствени напади во Израел во знак на поддршка на Хамас и како одговор на изралеските напади во Појасот Газа.
Десеттина културно уметнички друштва од земјава ќе настапат со својот староградски мелос. Средбите се одржуваат по 31 -ви пат во Центарот за култура Григор Прличев, а влезот за посетителите е слободен.
На годинешното генерално собрание на Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) меѓу другото се одржа и изборот за претседател по кој со втор последователен мандат се здоби Жан Тод.
Доставата на руски гас за Турција преку Украина целосно е запрена, изјави турскиот министер за енергетика Хилми Ѓулер.
Времето денеска во Охрид облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град