Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, под покровителство на општина Охрид, по втор пат го организира турнирот во баскет „3 х 3“. Пријавувањето за учество на турнирот, кој се организира по повод чествувањето на 7 – ми Ноември -Денот на ослободувањето на Охрид, ќе трае до 10. октомври.
Размерот на глобалната економска криза продолжува да се шири, откако американските и европските компании објавија планови за намалување на вкупно 70 илјади работни места.
Руска актерка и режисер полетаа денеска кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) во историски обид да го снимат првиот филм во вселената и со тоа да ги надминат САД. Тие се надеваат дека ќе го победат холивудскиот проект, што лани ги најавија Том Круз и Илон Маск.
Министерството за внатрешни работи jа информира jавноста дека во петок (4.10.2019) во Охрид ќе престојува делегација предводена од државниот секретар на САД, Мајк Помпео, Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Охрид ќе преземе соодветни активности, особено во делот на одвивањето на сообраќајот.
Напаѓач отвори оган пред танцувачки клуб за малолетници во градот Портланд, во американската држава Орегон, убивајќи две девојчиња и ранувајќи осум лица, по што самиот си пукал во глава, соопшти полицијата.
Полека, ама сигурно стандардниот Македонски литературен јазик го снемува. Годинава само неколку средношколци се запишале на Филозофскиот факултет во Скопје. Причини за тоа има многу.
Во големата сала на Општина Охрид, утре 14-ти јуни ќе се одржи четвртото издание на „Виолин фест“, откако два дена претходно, на 12-ти јуни се одржа во Музејот на град Скопје.
Палестинското исламистичко движење Хамас засега планира да го почитува примирјето со Израел, но е подготвено да ги обнови борбените дејствија ако не биде симната блокадата на појасот Газа, изјави во интервју за јапонскиот весник „Асахи“ заменик претседателот на Политбирото на Хамас Муса Абу Марзук.
Загадување на воздухот над дозволените граници се очекува и оваа зима. Охрид не спаѓа во критичните градови, но добива можност да го следи квалитетот на амбиенталниот воздух. Од проект за прекугранична соработка на ИПА европските фондови доби мониторинг сензори и филтри за оџаците на индивидуални објекти. Охрид, денес го одбележа денот на Европската соработка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град