Русија го снима првиот филм во Вселената

Руска актерка и режисер полетаа денеска кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) во историски обид да го снимат првиот филм во вселената и со тоа да ги надминат САД. Тие се надеваат дека ќе го победат холивудскиот проект, што лани ги најавија Том Круз и Илон Маск.

 |   | 

На летот за ИСС беа актерката Јулија Пересилд и режисерот Клим Шипенко, заедно со искусниот астронаут Антон Шкаплеров и таму ќе останат 12 дена за да снимат сцени за филмот насловен „Предизвик“. Филмот, чиј буџет се држи во тајност, беше објавен од руската вселенска агенција Роскосмос, а ќе се фокусира на женски хирург која на ИСС треба да спаси астронаут со срцеви проблеми.

Вселената ми е многу примамлива, таа нема граници – изјави 37-годишната Пересилд, која беше избрана за улогата меѓу 3.000 кандидатки.

Таа и Шипенко треба да се вратат на Земјата на 17 октомври.

Не само што треба да снимиме филм, туку треба живи да се вратиме на Земјата – кажа Шипенко.

Ако мисијата биде успешна, Русија повторно ќе биде прва во нешто во вселената, откако прва лансираше сателит, животно, маж и жена во орбитата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top