Данскиот голман Никлас Ландин беше првата најголема пречка синоќа за македонската ракометна репрезентација на отварањето на Европското првенство, откако со 17 одбрани, чуварот на мрежата практично сам ја победи нашата селекција.
Американскиот претседател Барак Обама испратил тајно писмо до рускиот претседател во кое вели дека ќе отстапи од распоредувањето на новиот систем за ПРО во Источна Европа, ако Москва помогне да биде запрен Иран во намерите да изработи оружје со голем дострел, објави Њујорк Тајмс.
Нема траги на насилство врз починатата жена која вчера попладне беше пронајдена во стан во Охрид.
Општинските инспекциски служби заедно со екипи од ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, деновиве реализираат координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во охридската чаршија.
Иранското Министерство за нафта објави денеска дека ОПЕК на средба во март нема да донесе решение за намалување на производството Техеран.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Вечерашниот натпревар помеѓу РК „Охрид“ и РК „Бутел“ ќе има и хуманитарен карактер.
Во египетското летувалиште Шарм ел Шеик денеска започнува донаторска конференција за собирање на околу три милијарди долари за санирање на штетите во Појасот Газа, кои беа причинети за време на израелската офанзива во ова палестинско подрачје.
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе половина година не функционира. Тој има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, едукација на целните групи за почитување на сообраќајните правила и прописи и подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Затоа е важно како тело и понатаму да постои. Од Локалната велат дека до крајот на оваа година ќе имаме нови членови и нов Совет за безбедност во сообраќајот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град