ВО ОХРИД ПРОДОЛЖУВА ОТСТРАНУВAЊЕТО НА НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНАТА УРБАНА ОПРЕМА

Општинските инспекциски служби заедно со екипи од ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, деновиве реализираат координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во охридската чаршија.

 |   | 

Се отстрануваат маси и столици и информативни тавбли од пред угостителските објекти, долж чаршијата на потегот меѓу двата чинари.

Акцијата беше спроведена врз основа на претходни инспекциски контроли, со кои биле утврдени локациите и угпостителките објекти каде биле поствени маси, столови и друга урбана опрема, без одобрение за поставување и надвор од Програмата за поставување на урбана опрема, објаснуваат од локалната самоуправа и додаваат дека ваквите акции и контроли ќе продолжат и во текот на наредниот период.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top