Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка е победник на Грен слем „Австралија Опен“ откако денеска со 3:1 го совлада првиот носител на турнирот Рафаел Надал од Шпанија.
Односите “меѓу двете држави“ се многу добри, а Косово се подготвува да отвори амбасада во Љубљана.
Денеска, 16-ти октомври 2021 година, во 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез од зграда на булевар „Борис Трајковски“, 30-годишниот С.Р. од Скопје физички ги нападнал Б.П.(21), А.С.(19) и С.С.(18), сите од Охрид, со престој во Скопје.
Охридските ракометари, утре на домашен терен за противник ќе ја имаат екипата на „Металург 2“, што воедно ќе биде и последен натпревар од првата фаза во регуларниот дел од сезоната во машката супер лига. „Гладијаторите“, подготвени да се соочат со противникот и со уште еден позитивен исход да ја продолжат позитивната серија во ракометното елитно друштво.
Србија протестираше во Советот за безбедност (СБ) поради најавеното намалување на буџетот и бројот на членови на УНМИК во Косово.
Во присуство на претставници од УСАИД, членови од Локалната самоуправа – Охрид и стручен надзор од Битола, се направи технички прием на градежните активности што во изминатиов период се реализираа во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, Охрид.
Американското министерство за правда објави четири документи кои биле испратени до администрацијата во времето на поранешниот претседател Џорџ Буш, со совети до истражителите за тоа какви методи се законски прифатливи при разговорите со осомничените за тероризам.
Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид започнува со организирање на обука за негувател/ка на стари и немоќни лица.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град