Две лица во Франција се заразени со новиот вирус на грип А (H1N1), изјави синоќа француската министерка за здравство Розлин Башло.
На јавната расправа која се одржа денес во Охрид граѓаните имаа можност да се запознаат што содржи овој документ од исклучително значење за заштитата на регионот како културно историското богатство и природна реткост признаена од УНЕСКО.
Утрово во 9 часот и 30 минути на државната клиника во Скопје беше ранет хирург.
Канадските здравствени власти потврдија дека во земјата се регистрирани 15 нови слулчаи на лица заболени од H1N1 грипот А, со што вкупниот број на инфицирани од болеста во оваа северноамериканска држава се искачи на 34.
Во охридското стопанство секторот туризам учествува со мал процент во вкупниот број на вработувања и остварени приходи. Ова се дел од економските истржувања за поединечните стопански гранки направени од Факулетот за туризам и угостителство пред 3 години. Општина Охрид, сега нарача ново истражување од која се очекува економската слика за импактот на туризмот во локалното стопанството.
Стопирање на сечата на дрва на природниот резерват Јабланица како и негово прогласување за Национален парк, побараа струшките екологисти на Светскиот ден за заштита на животната средина. Со цел подигнување на еколошката свест кај локалното население и институциите стружани денес излегоа на еко марш.
Бројот на регистрирани случаи на лица инфицирани со вирусот на H1N1 грипот А во Мексико се искачи на 300, соопштија мексиканските здравствени власти.
Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид која како пилот општина согласно проектните активности на „ЕУ INTERREG Balkanmed AIRTHINGS“ проектот или „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“ заврши со поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри, како и поставување/инсталирање на 15 филтри на оџаците на домаќинства во населбата Кошишта кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град