Општинскиот инспекторат е задолжен да контролира дали се почитуваа законските одредби за замeна на исечените дрва со нови. Контрола се прави дали се засадуваат нови стебла ама досега нема регистер колку фиданки се посадени, вели општинскиот портпарол.
Се чистат струшките плажи од времени угостителски објекти. Концесионерите револтирани, велат дека правдата ќе ја бараат на суд, бидејќи сметаат дека струшкиот градоначалник со издавање на решение за рушење не постапува согласно важечките закони во РМ. Градоначалникот Зијади Села категоричен дека по истекот на концесијата плажите во Струга ќе бидат чисти и слободни за посетители.
Египетскиот претседател Хосни Мубарак е во Вашингтон во прва посета на САД по пет години.
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Меѓу најсекси натпреварувачите на Олимписките игри во Сочи се наоѓа и норвешката сноубордерка Силја Норендал.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ неодамна го збогати својот фонд со неколку изданија од сликовници кои со сигурност ќе го привлечат вниманието за нивно читање од страна на децата и нивните родители.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град