Градот две недели се соочува со неповолна состојба со вирусот. Од ЦЈЗ очекуваат и понатака бројот на позитивни лица да расте. Апелираат до граѓаните на разумно почитување на мерките за да не се случи крах на здравствениот систем.
Македонија го забранува увозот на животни, јајца и семе од Црна Гора и од Словенија поради болеста син јазик, а одлуката на надлежните веќе е објавена во Службен весник.
Со картичките се купуваат домашни производи во висина од 9000 и 3000 денари во зависност од пропишаните услови кои ги исполениле граѓаните. Во трговија на мало произоводите се обележени, а се означени и касите каде што се врши наплатата за производите.
Триесет и четири годишен маж од струшко Мислешево нападнат и искасан од кучиња. Кучињата од расата Пит Бул биле без заштитна маска и ремен како што информираат од полицијата. Кај граѓаните подолг временски период постои голем револт заради состојбата со кучињата, посебно на општините кои немат свои служби за третман на бездомните кучиња, но гневни се и на несовесноста на оние со миленици, кои не им ја ставаат задолжителната заштитна опрема.
Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата седмица се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема.
Од петок до недела на локалитетот Трескавец во Прилеп ќе се одржи болдеринг маратон „Крале Марко” на кој ќе учествуваат околу 250 љубители на овој екстремен спорт.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град