Дек 21, 2021

Педијатри од Скопје ќе работат на детското одделение во Охрид

Педијатри од Скопје ќе работат на детското одделение во Охрид. Се чекаат измените во законот за здравствена заштита за да почнат ротации и да се намали дефицитот на специјалисти во државата, најави министерот Филипче.


Ное 2, 2021

Вакцината против ковид не е генетска терапија, не ја менува човековата ДНК и не содржи луцифераза

Зборот луцифераза има корен во латинскиот збор „Луцифер“, што значи осветлен. Иако ензимот луцифераза има слично име со „ѓаволот“- олицетворението на злото во многу религиозни приказни, единствената конекција меѓу луцифераза и „Луцифер“ е во коренот на нивните имиња. Не е вистина дека вакцините се генетска терапија. Вакцините се испитани, имаат поминато сеопфатни испитувања на репрезентативен примерок и се одобрени од многу медицински агенции и тела. Присуството на липидните наночестички во ковид вакцините не значи дека тие во себе може да содржат роботи или компјутери. Во овој случај, изразот „наночестички“ се однесува на многу ситни липидни капки, коишто ја транспортираат вакцината и ги штитат вакциналните компоненти.


Окт 19, 2021

Драма во Мадрид: Луѓе влегле во музеј и се закануваат со самоубиство

Група луѓе кои преживеале масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија, денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку Владата не ги исполни нивните барања.


Ковид 19-Грција
Сеп 10, 2021
Ковид 19

Предусловите за влез во Грција продолжени за уште една седмица

4 опции за влез во Грција за да се ограничи ширењето на Ковид-19. Задолжителен тест на влезните точки за 16 земји, меѓу кои и Македонија.

Сеп 8, 2021

Завршува онлајн наставата во средните училишта во Струга

Завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга. Директорите велат дека се подготвени од четврток да започнат со настава со физичко присуство. Во основните училишта во струшко, каде наставата од 1 септември се одвива со физичко присуство до денес нема ниту еден заболен ученик. Дали средношколците од Струга ќе се вратат во училипните клупи ќе зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести.


Јул 5, 2021

Излеана непозната течност во водите на езерото

Граѓани на Охрид преку „Ти си твојот град“ известуваат за излеана непозната течност во водите на Охридското езеро, односно на Градскиот Кеј.


Апр 30, 2020

Статистика на МВР за периодот (29/30.04) по однос почитување на мерките за заштита од коронавирусот

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (29/30.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 51 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.


Јун 29, 2016

Кои се воопшто “разбојниците” од Исланд чиј помошник селектор е стоматолог

Сите заедно вредат околу 40 милиони евра или една нога на француската ѕвезда Пол Погба


Фев 8, 2022

Сертификатите за прележан ковид наместо 45 да траат 180 дена

По денешната одржана седница, Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки кои ќе му бидат доставени на министерот за здравство, а потоа ќе се најдат и пред кризниот штаб. Се продолжува важноста на сертификатите за прележан ковид од 45 на 180 дена, протоколите за лекување ќе станат подостапни за сите оние кои се вклучени во процесот на лекување, ќе се спроведе скрининг во училиштата за да се направи увид во распространетоста на вирусот во овој дел од популацијата и направена е детална анализа за смртноста во првиот месец од оваа година од ковид 19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top