„Овој зафат е неопходен затоа што прeстои опасност камењата кои се одронуваат да паднат врз посетителите“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали.
Заврши опремувањето со компјутерска технологија на трите охридски средни училишта, но процесот со современата информатичка технологија целосно не заживеа, ја објаснува состојбата во општина Охрид.
Повторно актуелизирано името на првиот Министер за внатрешни работи Јордан Мијалков. Се бара улица во Охрид да го носи неговото име. Дали пред охридските советници ќе се најде оваа предлог иницијатива на советничката група на ВМРО-НП, зависи од градоначалникот Петрески.
Образованието никако да влезе во колосек. Продолжува мистеријата наречена договор за вработување без објавување на оглас за оние вработени во образованието кои работат помалку од пет години.