Балканот-атрактивна туристичка дестинација

Балканот како атрактивна туристичка дестинација, беше целта на втората„Меѓународна конференција за туризам“.

Antonio Balevski i Saso Korunovski
Антонио Балевски и Сашо Коруновски

Балканот заедно ќе го развива туризмот. Со таа цел во период од 25 до 27 септември, во Белград се одржа „Меѓународна конференција за туризам“, на која присуствуваше и делегација од Македонија. Во својство на предводник на делегацијата беше Антонио Балевски од Општина Охрид, како и продеканот на ФТУ проф. Сашо Коруноски, а од редот на студентите Михаел Ристовски. „Отворањето на конференцијата се случи во култното Атеље 212 во Белград, а понатаму остваривме прием и коктел во Кралската палата и Принцот Александар 2 Караѓорѓевиќ“, вели Балевски. “Специфика на конференцијата е желбата за соработка и размена на искуства во насока на унапредување на туризмот на Балканот“, дополнува тој.

Antonio Balevski i Saso Korunovski„Претседавач на конференцијата беше еден од најеминентните професори за туризам во светот- Проф. Јафар Јафари, од Универзитетот Висконсин, Америка“, вели Балевски. „Како генерална цел на овој настан би се издвоила желбата за креирање на Балканот како атрактивна туристичка дестинација. Тоа би се направило преку директна соработка на различните заинтересирани страни од областа на туризмот. Постои намера да се добијат нови лидери, со јасна визија за иднината на туризмот, формирајќи позитивна клима за Балканот како посакувана дестинација“, вели тој.

„Покрај работните содржини, организаторите на центарот за истражување на туризмот, вметнаа и авангардни содржини за делегатите и учесниците на оваа конференција“, посочува Балески. „По првиот работен состанок беше организиран прием во Кралската палата и Принцот Александар 2 Караѓорѓевиќ. Втората вечер присуствувавме на Римска Забава, на која целокупниот амбиент беше осмислен во автентичен стил од римско време, а сите присутни бевме облечени во тој стил“, дополнува тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top