Познати кумовите за најголемата верска манифестација во земјаваа „Водици 2011“. Довербата на здруженето „Богојавление“ ја добија браќата Климе и Јован Лотески.
Охридско лето не сака да ја дели Св. Климентовата награда со никого. Директорот и Управниот одбор на оваа институција сметаат дека не можат да се споредат со ниту една институција во однос на работите кои ги имаат направено за промоција на Охрид во изминативе 50 години.
Туристичката агенција „Глобус травел“ е дел од проектот за самовработување поддржан од владата и UNDP. Сопственичка на агенцијата е Елена Лотеска Наумоска која започнува сопствен бизнис во туристичката сфера.
На крводарителската акција која денес се одржа во Основното училиште „Св.Климент Охридски“, од својата скапоцената течност даруваа, родителите на учениците, професорите и останатите вработени во ова училиште.
Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ најостро реагира против сензационалистичкото и стигматизирачко пренесување на информациите поврзани со последните податоци за состојбата со ХИВ/СИДА во Македонија.