Православна Нова година или уште позната и како Василица се празнува на 14 јануари. Православните верници на овој датум го слават споменот на Свети Василиј Велики.
Од далечната 1987 година па се до денес семјствата Стефаноски, Велески, Рибареви, Неловски, Бакаловски, Шаин, Љаткоски и Стрезовски со кршење на погача и наоѓање на паричка, традиционално ја слават Василица.
Локалната самоуправа има големи планови за 2011 год. Градоначалникот смета дека токму годинава ќе се изградат неколкуте капитални проекти за Охрид. Петрески за ТВМ ги открива плановите за оваа година.
Езерскиот сообраќај во нашето езеро веќе неколку дена се одвива „на слепо“. Светилникот кој ги наведува бродовите, повеќе од три дена не е во функција.
Повторно изнесени бројни невистини, кои се однесуваат на реновирањето на дел од охридската болница – велат од раководството на оваа здравствена установа.