Јан 21, 2011

Раскопан патот во населеното место Велгошти

Велгоштани ги искршија своите автомобили во обид да стигнат до своите домови. Се жалат дека главната сообраќајница која води до ова населено  место веќе месеци наназад е раскопана и со дупки. Таков е и патот кој води до црквата „Св.Димитрија“ каде е речиси невозможно да се разминат две возила.


Јан 21, 2011

Нула царина за возилата произведени во ЕУ

Нашите граѓани сеуште недоволно информирани за безцаринскиот режим. Истиот им овозможува купување на нови и половни автомобили без да ги плаќаат високите царински давачки. Со ова, тие добиваат можност да го подноват својот возен парк со некое поново возило.


Јан 20, 2011

Масовно капење на рибарите

Иван Тасески влегува во традицијата на една од поголемите манифестации во Охрид, фрлањето на бурето со вино, која се одржува на големиот христијански празник Св. Јован Крстител.


Јан 20, 2011

Чаршиски муабети

Реакција во врска вчерашната манифестација Богојавление – Водици.


Јан 20, 2011

Охрид непресушлив извор на археолошки пронајдоци

Охрид непресушлив извор на археолошки пронајдоци. Пред извесно време ново археолошко богатство беше најдено во непосредна близина на „св. Богородица Перивлепта“.


Јан 19, 2011

Јован Делов го фати светиот крст

Над десет илјади верници денес присуствуваа на оваа најмасовна верска манисфестација, а во осветените води на езерото влегоа над илјада капачи.


Јан 19, 2011

Прогласен добитникот на светската награда за хуманизам

Питер Брук петти добитник на светската награда за хуманизам. Неговото прогласување се случи синоќа во куќата на Уранија.


Јан 18, 2011

По Водопост – Водици

Денеска е Водопост (строг пост односно пост на вода), или ден пред празникот Водокрст или Водици. Уште рано утрово свештени лица во христијанските домови осветуваат вода со која во текот на денот се прска низ куќата, дворовите и целиот имот со цел да ги избрка сите лошотии.


Јан 18, 2011

Одложен судскиот процес за бродот „Илинден“

Неприсуството на претставникот на осигурителната компанија „Лојд“, второ обвинетиот Бранко Баиќ, беше причина поради која, по втор пат се одложува овој процес.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top