Асоцијалното и агресивно однесување се поприсутно во училиштата. Претставници од СВР-Охрид и советодавната група на граѓани, денес разговараа за состојбите во училиштата и можностите за надминување на негативните појави во и вон нивните рамки.
Сојузот на синдикатите на Македонија, на кој припаѓа и охридскиот, со доаѓањето на пролетта се размрда. Она што повеќе години било пропуштено во синдикалната заштита на работниците ќе го решаваат пролетва.
Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основниот Суд во Охрид поднесе барања за поведување прекршочна постапка против шест лица кои, своите домашни миленици односно кучиња, невнимателно и без заштитни маски ги шетале своите кучиња на јавно место.
Религијата и медиумите со здружени сили ќе го унапредуваат меѓурелигиското разбирање. Верските заедници со генерален став дека медиумите треба и натаму да учат со цел да ја поттикнат меѓурелигиската соработка. Тие седнаа и дебатираа на заедничка маса како дел од проектот „Толеранција, дијалог, соработка“.
За двајцата службеници, едниот од управата за животна средина од секторот води и од државниот инспекторат за природа за територија на Охрид, се бара нова локација каде што ќе биде сместена нивната канцеларија.
И Екодромците и членовите на клубот “З’ш Точак” посетија градови од соседна Албанија. Едните да ја запознаат нашата околина, другите во улога на екопатрола.