Јун 18, 2011

Градскиот саат отчукувал и ала турка и ала франка

Охридската Саат кула со својата едноставност и скромност, вгнезден во зеленилото на Бајрот,  пркоси низ врмето. Со  висина од 12 метра гордо стои  и на охриѓани и неговите посетители им го покажува точното време.  Поставен на камена кула сатот опстојува и не се предава пред времето.


Јун 17, 2011

Заврши доказната постапка за бродот „Илинден“

Иако се очекуваше на денешното рочиште да бидат дадени и завршните зборови на адвокатите на двете страни, сепак истите се одложени за дваесет и четврти овој месец.


Јун 17, 2011

Споменикот на Св.Наум ќе го оформи светиот триаголник на плоштадот

Светиот триаголник конечно ќе се оформи. Споменикот на Свети Наум кој треба да го комплетира посакуваниот изглед на плоштадот денес ги доби своите темели. Градоначалникот Петрески и градските советници засукаа ракави и учествуваа во поставувањето на темелите на овој грандиозен споменик. Вредноста на споменикот изнесува 160 000 евра-вели градоначалникот Петрески.


Јун 17, 2011

Пишувај гласно, зборувј моќно

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и годинава отвори простор за упис на 80 студенти на двете насоки, новинарство и корпоративни комуникации и односи со јавност.


Јун 17, 2011

Промовиран насловот „Прозна молитва“

Љубица Чифлигароска, поетеса од Охрид во збирката раскази „Прозна молитва“ се јавува како прозаист. Таа е една од 18 –те автори чии раскази се најдоа како дел од оваа книга.


Јун 16, 2011

Уништени запленетите рибарски мрежи

Вкупно 1440 рибарски мрежи  запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер. Пред уништувањето Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска лично ги виде запленетите мрежи во седиштето на езерската полиција.


Јун 16, 2011

Mеѓународна конференција за борба против трговија со дрога

Охрид домаќин на Меѓународна конференција посветена на “Националните стратегии за борба против трговијата со дрога – намалување на снабдувањето со дрога“. Конференцијата е во организација на Министерството за внатрешни работи и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили.


Јун 15, 2011

Финишираат подготовките за фестивалот на францускиот филм

Од 2 до 5 јули по четврти пат во Охрид ќе се Фестивалот на француски филм. Директорот на фестивалот за Македонија Зоран Велјаноски – Летра вели дека на селекцијата на програмата се работело  цела година. „ На фестивалското издание ќе има поширок избор на филмови од најновата француска продукција“, додава Велјаноски.


Јун 15, 2011

Охриѓани повеќе се плашат од цените отколку од ешерихија коли

Додека дел од Европските земји се справуваат со заканата од оваа смртоносна бактерија, Македонија мирна. Опасност од бактеријата нема. Сепак цената на зеленчукот нагло се намали за само месец дена. Дали причината е стравот од бактеријата или нешто друго?

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top