ЈП Охридски Комуналец Охрид му објави војна на комуналниот отпад.
Охридските занаетчии се потешко се справуваат со економската криза.
Се гледа крајот на изградбата на охридската болница. По се изгледа таа ќе биде свечено орворена на празникот Св. Климент. Охриѓани ќе добијат современ болнички комплекс по европски стандарди.
А што се однесува на Владината мерка за намалување на невработеноста преку проекти за самовработување, како најуспешни се покажале лицата кои отвориле козметички студија.
Од „Охридскиот народен театар“ најавуваат четири премиери до крајот на годинава. Директорот Горан Стојаноски, најавува многу гостувања на нашата театарска куќа, но и нејзини организациони и теничко-технолошки подобрувања.
Владата го прифати предлогот на Министерството за транспорт и врски, и одлучи да именува нов капетан на капетанијата во Охрид.
Наставниот кадар од основното музичко училиште Методиј Патчев прави напори да се реализира дамнешната идеја во градов да се отвори средно музичко училиште. Таленти за музика има, само им е потребно соодветно образование.
Општина Ресен за заштита на Преспанското Езеро доби 6 милиони швајцарски франци.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град